Сојузот на шест турски опозициски партии го предложи Кемал Киличдароглу за противкандидат на актуелниот шеф на државата Реџеп Тајип Ердоган за претстојните избори на 14 мај.
Нашата единствена цел е да донесеме напредок, мир и радост во земјата, нагласи Киличдароглу, кој е лидер на Републиканската народна партија.
Резултатите од анкетата покажуваат дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат многу „тесни“ и дека опозицискиот блок има благо водство пред владејачката алијанса.
Опозицискиот блок најави укинување на голем број одлуки на Ердоган во секторите економија, граѓански права и надворешна политика.