Грузиските специјални сили вечерва употребија водени топови за да ги растераат демонстрантите кои протестираат пред Парламентот во Тбилиси против усвојувањето на законот за странски агенти.
Претходно специјалците неколку пати употребија солзавец, но демонстрантите не заминаа.
Protests continue in #Georgia against the law on “foreign agents,” which was adopted today by MPs in its first reading.
There are thousands of people in the streets of #Tbilisi. The police are trying to disperse the protesters with water cannon and tear gas. pic.twitter.com/QZBuu18LSf
— NEXTA (@nexta_tv) March 7, 2023
Парламентот на Грузија вечерва го усвои предлог законот за странски агенти и покрај протестите на опозицијата.
Опозиционерите и нивните поддржувачи од утрото протестираат пред зградата на Парламентот, а сообраќајот на централната авенија е блокиран.
Пратениците во грузискиот Парламент се судрија вчера додека парламентарната комисија расправаше за контроверзниот закон за регулирање на „странските агенти“, за кој критичарите велат дека е направен според моделот на законодавството во соседна Русија.
Законот предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти финансирање од странство ќе бидат регистрирани како „странски агенти“ и ќе подлежат на надзор на Министерството за правда.
Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили најави дека ќе стави вето на законот, кој, според неа, ќе ги загрози надежите на Грузија за влез во Европската унија и НАТО, иако во таа земја Парламентот може да го отфрли претседателското вето.
Минатиот месец, повеќе од 60 граѓански и медиумски организации во Грузија соопштија дека нема да го почитуваат законот доколку биде усвоен.
Г.Т.