ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трајанов поднесе Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција

March 7, 2023 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник, поднесе Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој започнува „војна“ за искоренување на корупцијата и изградба на современа и демократска држава и држава полноправна членка на Европската Унија.

Пратениците и партиите коишто ќе го поддржат донесувањето и спроведувањето на овој закон се проевропски партии, кои ќе стават крај на разорното дејство на криминалот и разнебитувањето на државата.

На прес-конференцијата, Трајанов нагласи:

„Со овој Закон, надвор од центрите на политичката и партиска моќ, се формира независна Агенција за борба против тешките облаци на организиран криминал и високата корупција, која ќе работи на откривање на тешки кривични дела сторени од носители на јавни функции и други вклучени во организираниот криминал. Оваа Агенција ќе го открива и скриениот имот на функционерите во државата и странство, ќе предлага конфискација на криминално стекнатиот имот и забрана на политичко дејствување до 10 години. Оваа Агенција ќе открива кривични дела со значителна вредност (над сто илјади евра), ќе ги анализира јавните тендери и ќе иницира кривична постапка. Инаку, Агенцијата ќе биде екипирана со врвни професионалци, способни кадри и имуни на партиски и коруптивни влијанија. Директорот ќе го избира Управен одбор составен од универзитетски професори, новинари, претставници од невладиниот сектор, адвокати, пратеници, обвинител и претставник од ДКСК. Очекувам повеќе пратеници да се приклучат како предлагачи и Законот да се донесе до крајот на месец март“, истакна Трајанов.

Истакна дека разорното и деструктивно дејство на криминалот се забележува на секој чекор, преку социјалните разлики, сиромаштијата, селективни и нелогични судски пресуди, масовно иселување на младите и целосен колапс на државните институции и довербата на граѓаните во нив.

„Организираниот криминал и високата корупција сериозно ја загрозуваат демократијата, човековите права, економскиот развој и Уставниот поредок на државата. Како држава немаме алтернатива, мораме да се соочиме со ова зло, да го искорениме и отвориме перспективи за развој на државата“, додаде Трајанов.

Tags: корупцијакриминалпредлог законСобраниеТрајанов
Next Post

Издадени наредби по вчерашниот оружен инцидент на улицата „Самоилова“ во Скопје

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk