По завршувањето на процесот на реконструкција на Владата, фокусот на парламентарното мнозинство е ставено на обезбедување 80 пратеници за усвојување на измените на Уставот, па и самата реконструкција ја претставија како градење таканаречен Европски фронт.
Во јавните настапи досега, единствено политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица јасно кажаа дека по никоја цена нема да поддржат уставни измени за вметнување на дел од бугарскиот народ.
Сепак по информациите што кружат во политичките кулоари, во ВМРО-ДПМНЕ има одредена група на пратеници, градоначалници и партиски фунцкионери кои се подготвени да дадат поддршка на уставните измени, пишува 24 инфо