ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зајкова: Родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност

March 8, 2023 14:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

На овој ден, мораме да ја потврдиме нашата посветеност да ставиме крај на родовото насилство и дискриминација, да го затвориме родовиот јаз во платите и да ги промовираме правата и можностите на жените во секоја сфера од животот. Мораме неуморно да работиме на зајакнување на жените и девојките, за да се осигураме дека ние го имаме она што ни е најпотребно во Македонија а тоа ееднаквост, образование, сигурна здравствената заштита и ресурсите што ни се потребни за да успееме и да напредуваме, рече пратеничката и лидерката на ЛДП Моника Зајкова во македонскиот парламент.

– Денес, да ги славиме достигнувањата на жените низ историјата и им оддаваме чест на предводничките кои се бореа за правата на жените и овозможија напредок. Но треба и да потсетиме дека имаме уште многу работа во едукацијата за родовата еднаквост од најрана возраст, борбата со насилството и омоќувањето на жената. 8-ми Март не е само еден ден во кој ќе добиеме цвеќе во знак на внимание туку овој меѓународен ден е за потсетување на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Борбата против современиот патријархат не е завршена. Да ја славиме нашата храброст, нашата сила и нашата издржливост. Како либерал-демократка иполитичарка, верувам дека родовата еднаквост не е само морален императив, туку и економска и социјална неопходност, додава таа.

Зајкова додава дека ни требаат повеќе жени лидерки, повеќе жени на клучни позиции за креирање на одлуки, силни самохрани мајки кои не се чувствуваат напуштени од системот.

– Денес, да, ги славиме достигнувањата на жените низ историјата и им оддадаваме чест на предводничките кои се бореа за правата на жените и овозможија напредок. Но треба и да потсетиме дека имаме уште многу работа во едукацијата за родовата еднаквост од најрана возраст, борбата со насилството и омоќување на жената. И се додека и една жена е обесправена и жртва на насилство или сексизам не може да зборуваме за еднаквост и рамноправност. Жената не е ни само понежна, ни само поубава, ни само половина. Жената е развиено интелектуално битие кое треба да биде почитувано и вреднувано секој ден. Затоа, да застанеме заедно, како жени и сојузнички, и да ја продолжиме борбата за родова еднаквост и правда. Не само за признавање на хартија, но покажување дела. Честит 8-ми март- Денот на жената, истакна на крај Зајкова.

Tags: ЗајковаЛДП
Next Post

ЕУ досега обезбеди над 13 милијарди евра за украинските бегалци

Shortcut

Најново

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk