ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска од Виена: Таму каде што жените се застапени во носењето одлуки, корупцијата е пониска

March 9, 2023 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, задолжена за политики за добро владеење, се обрати пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на кој фокусот беше ставен на женските права и состојбата со родовата еднаквост и корупцијата, при што истакна дека стекнатите права како најголема цивилизациска придобивка мора постојано да се штитат од прекршување или одземање.

„Борбата на жените трае со векови и тие постојано поместуваат граници, затоа што едноставно мораат. Се борат против нееднаквоста, насилството, економската и политичката немоќ, против исклученоста од процесите на одлучување. Истражувањата покажуваат дека таму каде што правата на жените се уживаат целосно, таму каде што жените се застапени во носењето одлуки корупцијата е пониска. Тој што е против унапредувањето на човековите права, е против напредокот на целата заедница, бидејќи цели кон исклучување на групи од социјалните текови. Тие што вршат сексуална изнуда врз жени или ги држат во ропство, со сигурност се вмешани и во други форми на корупција”, нагласи вицепремиерката Грковска.

Во контекст на темата, таа потсети на Кетрин Џонсон, жена херој, која успеала со своето знаење, упорност, непокорност, да ги надмине сите пречки со кои се соочила на својот професионален пат и буквално да го освои американското општество. Таа била првата жена-афроамериканка која, на крајот на педесеттите и на почетокот на шеесеттите години од минатиот век, во централата на НАСА, со своите математички знаења и вештини, го дала најзначајниот придонес за развојот на вселенската програма, што се смета за еден од најголемите успеси на човештвото. Нагласи дека Кетрин се соочувала со различни форми на дискриминација – полова дискриминација, расна дискриминација, и тоа во исклучително тешки времиња кога за човековите права од оваа перспектива воопшто не се ни разговарало, а жените во науката биле застапени на ниво на статистичка грешка.

„Да не заборавиме и дека силите кои се залагаат за регрес на правата на жените или маргинализираните групи, всушност се антидемократски сили и во себе го носат поривот за надмоќ, за владеење со сила, за селективност и затвореност. Тоа не е владеење какво што посакуваме, затоа што тоа им штети на луѓето, на мирот, на слободите. Затоа жените мора да бидат на фронтот на борбата за добро владеење”, додаде Грковска во своето обраќање.

Таа истакна дека жените мора да продолжат да се борат за себе, но и да градат сојузништва за борба против појавите и практиките кои го минираат развојот, како што е корупцијата. Бидејќи таа е силен фактор кој го прави невозможен излезот од сиромаштија и поради кој луѓето немаат подеднаков пристап до добра, услуги и прилики за развивање и подобар живот и стандард.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВиенаГрковскаОБСЕ
Next Post

Битиќи: И со замрзнатите цени на лебот производителите имаат профит

НАЈНОВО

Креирано со помош на ВИ

Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

October 19, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Утрово грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители

October 19, 2025

Зеленски: За една недела Русија употреби речиси 50 ракети, 3.270 дронови и 1.370 наведувани воздушни бомби против Украина

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk