ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бесими: Трошокот за враќање на стариот долг останат ист и со аукцијата за Еврообврзницата во март во комбинација со други финансиски инструменти

March 10, 2023 12:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Пазарот нуди различни инструменти, а трошокот или каматата е таа што дефинира кој ќе го избереме. Тоа беше одлучувачко и за нас при повторената аукција за 9-тата еврообврзница, да направиме трошокот да не биде повисок од претходната аукција, која поради технички аспекти се откажа. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во емисијата „10 Минути” на ТВ 21.

„Граѓаните имаат право да го знаат секој детаљ. Еврообврзницата отвори многу теми, многу аспекти. Тоа што е клучно и што секој граѓанин треба да го знае е дека на аукцијата за Еврообврзницата од 600 милиони евра во февруари, имаше трошокот за камата од 37,5 милиони евра. На аукцијата во март, која се повтори, бидејќи првата се откажа од технички причини, за Еврообврзница од 500 милиони евра и дополнителни 100 милиони евра обезбедени преку поволен заем, трошокот за камата останува ист”, рече министерот Бесими.

Посочувајќи дека Еврообврзницата се издава за враќање на стари доспеани обврски во износ од 600 милиони евра, потенцира дека во ситуацијата е постапено така што за враќање на ист износ на старо задолжување да имаме ист трошок во споредба со аукцијата од февруари. Односно, појасни, направивме комбинација на инструменти и издадовме Еврообврзница од 500 милиони евра и останатите потребни 100 милиони евра се обезбедуваат преку заем со поволни услови.

Исто така укажа дека треба да се направи разлика помеѓу номиналната и реалната каматна стапка и дека ако се земе предвид инфлацијата, реалната каматна стапка на задолжување е минус, што е важно дека тоа на долг рок е одржливо во споредба со проектираната стапка на реален економски раст.

Според министерот ова не е едноставна операција и дека можеби не се постигнува идеалното, но се прави на најоптимален начин во турбулентни времиња на кризи. При тоа наведе дека најзначајно е кога се излегува на меѓународниот пазар да има интерес за еврообврзницата од страна на инвеститорите, што беше покажано на последната аукција кога имаше понуда од 2 милијарди евра, што беше повеќе и од претходната аукција, што покажа дека се задржа кредитниот рејтинг и кредибилитетот на земјата.

Бесими подвлече дека важен аспект е дека ова задолжување се прави за враќање стари долгови, а дека предвидениот дефицит во Буџетот од 700 милиони евра што е наменет за капитални расходи, кои се проектирани на 800 милиони евра, ќе се обезбедат преку поволни заеми од меѓународни финансиски институции, кои исто така се поддршка за економските политики и мерки планирани во Буџетот.

Во интервјуто министерот се осврна и на потпишаниот Договор со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка” за реализација на значајни инфраструктурни проекти од Коридорот 8 и 10Д. При тоа посочи дека тоа е важен проект за кој во наредните пет години ќе бидат издвоени 1,3 милијарди евра, но дека се очекува позитивен придонес во растот на стапката на БДП.

Исто така, се осврна и на мерките што Владата ги презема за да се влијае врз намалување на инфлацијата, како и на реализацијата на Буџетот.

Tags: Бесимиеврообврзница
Next Post

Градежници тврдат: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk