ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Костадинов во посета на градоначалникот на Нови Сад

March 10, 2023 15:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Струмица во рамки на неколкудневната посета на Република Србија оствари средба со г-дин Милан Ѓуриќ, Градоначалник на Општина Нови Сад на која, двајцата колеги разменија информации и искуства од управувањето со Општините, а најавија и почеток на интензивна соработка на повеќе теми.

“Големо е задоволството да се биде гостин во официјална посета на Нови Сад, во Република Србија. На покана на домаќинот и мој колега, градоначалникот г‐дин Милан Ѓуриќ, престојувам во градот на мултикултурата и современиот симбол на младоста. Во рамки на реализираната официјална средба, разговаравме на теми од интерес и во таа смисла успеавме да ја пронајдеме нишката која го поврзува овој град на Дунав со нашата Струмица. Иницирано од културната размена и реализацијата на првиот “GetEXITEd“ во Струмица, како дел од светски познатиот фестивал “Exit“, преку моделот за еднаквост и толеранција, па сé до респектот кон природата и практикувањето спортски начин на живот, се договоривме да започнеме процес на интензивна соработка помеѓу Нови Сад и Струмица. Заедно со Градоначалникот Ѓуриќ се согласивме оваа иницијатива да прерасне во пример и урнек како, во рамки на процесот “Отворен Балкан“, треба да се работи, соработува и во крајна линија, да се стекнуваат и шират нови познанства.“, изјави по средбата Костадин Костадинов, Градоначалник на Општина Струмица.

“Во духот на балканската гостопримливост, денес со задоволство го пречекав Градоначалникот на општина Струмица, со кого реализиравме продуктивна средба. Разговаравме за можностите за соработка на двете општини и ги идентификувавме темите кои нѐ обединуваат и се од интерес за нашите сограѓани. Со колега како Костадинов, преку развој и реализација на интензивна соработка во областа на културата, спортот и меѓучовечките односи, убеден сум дека ќе поставиме нови репери кои ќе ни потврдат дека со ваква соработка – и на Балканот е можен успех!“, потенцираше Милан Ѓуриќ, Градоначалник на Општина Нови Сад.

Во рамки на официјалната посета на Општина Нови Сад, Градоначалникот Костадинов исто така присуствуваше и на конференција за медиуми во чии рамки беше најавено второто издание на “GetEXITed”. На средбата, покрај двата градоначалници, присуствуваа и основачот и Директорот на Фестивалот “Exit“, г-дин Душан Ковачевиќ и музичката ѕвезда Ана Ѓуриќ ‐ Костракта.

Tags: КостадиновНови СадСрбијаСтрумица
Next Post

Молдавија е единствената на патот на намерата на Русија да ја уништи европската стабилност

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk