ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дритон Небиу е нов директор на Агенцијата за управување со одземен имот

March 11, 2023 13:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашниот директор на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани од СДСМ објави на Фејсбук дека вчера извршил примопредавање на функцијата на Дритон Небиу од АА, кој доаѓа на неговото место како прв човек на оваа Агенција.

Тој во објавата, меѓу другото, вели дека се надева дека Небиу ќе продолжи со ист интензитет на работа и ќе реди успеси бидејќи остава прекрасен тим на вработени, со оценка дека по еден изминат мандат, Државната агенција за конфискација ги остварила очекуваните бројки и норми.

За успесите и резултатите на Агенцијата како што и претходно кажав, мерило се само бројките, а ние како тим ги имавме многу повеќе и од било која поставена НОРМА и не би редел затоа што се многу и ризикувам да го изгубам мојот лет за Болоња. Благодарност и до мојата СДСМ која ми ја даде безрезервната доверба и поддршка, сите овие изминати години, а секако голема благодарност до сите граѓани на РСМ кои воедно беа мојот мотив за достигнување на постигнатите цели и успеси, вели Асани.

Новиот директор Небиу, пак, на Фејсбук објави дека честа да се предводи една институција како Агенција за управување со одземен имот, колку што е одговорна е и благородна работа од самиот факт дека претставува алка во системот преку кој на народот како реален сопственик му се враќа тоа што и му припаѓа, а некој сакал со истото да се збагати на нивна штета.

Како управител на оваа Агенција ќе се заложам на секого да му припадне она што го заслужува и она за што работел. Затоа, управувањето со одземениот имот представува исправање на неправдата која му е нанесена на секој еден граѓанин на Република Северна Македонија со самото враќање на одземеното, украденото или незаконски стекнатото како и незаконски користеното во полза на граѓаните и за граѓаните. Работата на Агенцијата за управување со одземен имот во голема мерка зависи од она што правосудните органи ќе го докажат како незаконски стекнато или користено, пишува на фејсбук статусот на Небиу.

Tags: Агенцијата за управување со одземен имотдиректорДритон НебиуФатон Асани
Next Post

Подољак: Украинската пролетна офанзива ќе започне за околу два месеца

Shortcut

Најново

Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

ВЛЕН до Беџети: Молчеше 1058 дена како министер, а денес ги манипулира албанските студенти

May 29, 2026
Фото: Скриншот, видео НАСА

(ВИДЕО) Експлозија на ракетата „New Glenn“ на Blue Origin за време на тестирање на Флорида

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk