ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Нови феномени во политиката: Ветија 18 илјади минимална плата, а исполнија 20 илјади година и пол порано

March 13, 2023 14:13
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со последната корекција, со растот на трошоците за живот и просечната плата, повторно расте минималната плата и овој пат таа се искачи на 20.175 денари. Покачувањето од 2.175 денари ќе значи дополнителен буџет за граѓаните за да се надомести изгубената куповна моќ поради растот на трошоците во време на криза.

Поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев во февруари 2020-тата година, презентирајќи ги економските мерки од партиската изборна програма најави просечна плата од 34 илјади денари и минималната плата од 18 илјади денари до крајот на мандатот на Владата во 2024 година. Тој сепак неколку месеци подоцна, во јуни, вети зголемување на минималната плата на 20 илјади денари, но за тоа ветувањето даде рок до крајот на мандатот во 2024 година.

-До крајот на мандатот новата влада ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари. Пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година, рече Заев на предизборен митинг во Штип во јуни 2020-тата година.

Измените на законот за минимална плата, кои беа постигнати со социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите овозможуваат раст на минималната плата, кој не е зависен од политичката волја на актуелниот министер, туку предвидуваат системско решение.

Пред промената на власта во 2016 година, минималната плата се покачуваше бавно и секогаш тоа беше проследено со некаква политичка позадина. Од 2012 до 2016, кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ минималната плата од 8050 денари се искачи едвај до 10080 денари, најчесто како предизборен обид за добивање гласови.

По 2017 година и доаѓањето на СДСМ на власт, се промени начинот на размислување и вреднување на трудот на работниците и се пронајде решение за системско покачување на платите. Така, за само шест години по промената на власта, минималната плата се дуплираше и сега изнесува 20.175 денари.

Растот на минималната плата ја зголемува и куповната моќ на граѓаните. Пред 10 години, кога минималната плата изнесуваше 8.050 денари, минималната синдикална кошничка беше 31989 денари потребни беа четири минимални плати за едно домаќинство да може да ја обезбеди.

Ситуацијата не беше ништо подобро ни во 2016 година, последната година пред промената на власта, кога минималната потрошувачка кошничка беше 32254 денари и беа потребни 3,2 минимални плати од 10080 денари за едно домаќинство да може да си обезбеди достоинствен живот.
По промената на власта, веднаш започна да се забележува подобрување во овој аспект. Со минималната плата во 2021 година и покрај борбата со ковид пандемијата, кошничката од 34574 денари се обезбедуваше со 2,28 минимални плати од 15194 денари.

Економската и енергетската криза изминатата година, малку ја влошија ситуацијaта, но сепак дури и покрај кризата и растот на цените, куповната моќ на граѓаните е повисока од најповолната во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега се потребни 2 и пол минимални плати од 20.175 денари за покривање на минималната синдикална кошничка, која според ССМ изнесува 51.235 денари.

Растот на минималната плата, но и вистинските економски политики, навремените и прецизните антикризни мерки доведуваат и до раст на просечната плата. За декември 2022 година, беше исплатена просечна плата од 34.364 денари со што се исполни и предизборното ветување на владејачката коалиција, една година порано.
За пет години, од декември 2017 до декември 2022 година, просечната плата порасна за над 10 илјади денари, од 23.850 во 2017 на 34.364 во 2022 година, што е раст за речиси 50 отсто.

Освен платите, со социјалдемократската влада предводена од СДСМ и коалицијата растат и пензиите, за кои исто така се најде системско решение. Повеќе од 340 илјади пензионери за месец март ќе добијат покачување од 6,8 отсто на пензиите. Со новата методологија за системско усогласување на пензиите два пати годишно, се обезбедува постојан раст на пензиите во согласност со растот на просечната плата и растот на трошоците на живот.

На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите, без разлика на гарнитурата на власт и се спречува манипулација со пензионерите, како што се случуваше во годините порано, кога усогласувањето се правеше пред избори.

 

Tags: ветувањеплатаРаст
Next Post

Битиќи од Економско социјалниот совет: Граѓаните ќе добијат за 2.175 денари повисока минимална плата

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk