Украинската служба за безбедност го потврди идентитетот на украинскиот војникот застрелан откако кажал „Слава Украини“, објави на Твитер, Антоан Герашченко, Советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
Како што прецизира Герашченко, името на војникот е Олександр Матсиевски, снајперист на 163-от баталјон на 119-та посебна бригада.
Ukrainian Security Service confirmed identity of ?? soldier shot after saying “Slava Ukraini!”
His name is Oleksandr Matsyievskyi, sniper of 163rd Battalion of 119th Separate Brigade.
Oleksandr was shot on 30 Dec 2022. His body was returned home in Feb 2023.
RIP, Hero. pic.twitter.com/aIX55mxEkC
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 12, 2023
Олександр беше застрелан на 30 декември 2022 година. Неговото тело беше вратено дома во февруари 2023 година, вели Герашченко.
Потресната видео снимка од брутална и ладнокрвна егзекуција на невооружен украински војник што ја спроведуваат припадници на руските окупаторски сили, се појави на социјалните мрежи на 6 март.
На видеото се гледа како заробен украински војник стои во плиток ров и пуши цигара. Во позадина се слуша говор на руски. Кога војникот изговори „Слава Украини“ се слушаат неколку рафали од автоматско оружје, по што жртвата паѓа на земјата.
Украина веднаш побара од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ја истражи оваа вознемирувачка снимка од социјалните мрежи.
Видеото на кое се гледа бруталното злосторство наиде на осуда и згрозување од целиот свет.
Подготви: Ј. Ѓ.