Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, во изјава за БТА ја коментираше изјавата на претседателот Стево Пендаровски по повод 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреите.
„Така да се зборува за Бугарија е крајно неприфатливо, дури и неточно од страна на политичар со огромна одговорност, чија цел треба да биде воспоставување добри дипломатски односи меѓу нашите две земји“, вели професорот.
Тој смета дека Бугарија во тоа време не ги поседувала тие територии, туку само управувала со нив.
„Тогаш нема македонска држава, тие се државјани на Југославија. А Југославија не само што ги депортира своите Евреи, туку се фалеше дека е првата земја што го решила еврејското прашање. На територијата на Србија има концентрациони логори во кои масовно биле истребувани локални Евреи“, тврди тој.
Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на официјалниот Фејсбук профил реагира дека денешната изјава на претседателот Пендаровски е „скандалозна и антибугарска“.
„Нашето МНР мора да реагира итно и да побара извинување од Пендаровски. Уште еднаш лажеше дека властите во Софија се вклучени во депортацијата на Евреите од територијата на денешната Северна Македонија. Докажан историски факт е дека ова е целосна лага. Одделно Пендаровски кажа уште една лага, прогласувајќи ја власта во Софија за профашистичка влада. Докажан историски факт – Кралството Бугарија никогаш не било на власт ниту владеело ниту со фашистички ниту национал социјалисти“, пишува Џамбаски.
Пендаровски инаку вчера порача дека за да има помирување треба да има извинување за улогата на профашистичката влада на Софија во тоа време за депортацијата на македонските Евреи.