ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

„Axel Springer“ најави отпуштања. Ќе го умре ли ВИ класичното новинарство?

March 14, 2023 15:16
in PMD, TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Извршниот директор на „Axel Springer“, Матијас Допфнер, испратил е-пошта до вработените во која најавил отпуштања во „Bild“ и „Die Welt“, затоа што компанијата продолжува да се трансформира во „чисто дигитална медиумска компанија“ со цел да ги зголемат приходите. Компанијата е економски успешна, економските цели се постигнати и надминати во 2022 година, но менаџментот сака да ја зголеми заработката во Германија за 100 милиони евра во следните три години со зголемување на продажбата и намалување на трошоците, со што компанијата ќе биде економски успешна во иднина.

Во интервју за германската новинска агенција „DPA“, Допфнер вели дека по 2021 година вторпат по ред имале двоцифрен раст на продажба, каков што не забележале четири децении. Продажбата изнесува околу 3,9 милијарди евра, а добивката околу 750 милиони. Дури 85 отсто од продажбата на „Axel Springer“ и повеќе од 95 отсто од профитот доаѓа од дигиталниот бизнис.

Матијас Допфнер

Германскиот медиумски концерн „Axel Springer“ меѓу другите ги поседува таблоидот „Bild“, најголемиот германски дневен весник и американско-европскиот портал „Politico“. „Во секторите производство, графика, лекторирање и администрација, ќе има значително намалување на работните места“, напиша директорот Допфнер во е-пошта, пишува германски Шпигел. Матијас Допфнер не прецизираше колку вработени може да бидат отпуштени, но посочува дека нема да се намали бројот на репортери, новинари или уредници специјализирани за одредена област. За да се задржат стандардите за новинарски квалитет, во тој дел ќе се инвестира, пренесува Тагесшпигел. „И во редакциите ќе се разделиме со колегите доколку некои профили повеќе не одговараат на потребните вештини“, напиша Допфнер. „Истовремено и ќе отвориме и укинуваме работни места, за тоа ќе има волонтерска програма.

 „Axel Springer“ има за цел да стане „само дигитална“

Според писмото што Шпигел го добил на увид, цел ќе бидат и „функциите за поддршка“ и производството во редакциите. Конечно, се планираат заштеди и во „сите оние области кои преку употреба на современи технологии стануваат сè помалку неопходни или дури и целосно излишни“. „Axel Springer“ моментално вработува околу 18.000 луѓе ширум светот. Меѓу нив има 3.400 новинари. Има се повеќе и повеќе од нив во САД, каде што „Axel Springer“ забележува огромен раст на пазарот.

Со оглед на тоа што 85 проценти од нивната продажба и повеќе од 95 проценти од нивниот профит доаѓа од нивниот дигитален бизнис, Axel Springer веќе некое време најавува дека сака да излезе од бизнисот со печатени весници и да стане исклучиво дигитална компанија.

„Нашата цел е „само дигитална““, напиша Допфнер. Сепак, печатењето е сè уште профитабилно и „незаменливо за читателите и огласувачите. Затоа целосната транзиција кон дигитална ќе потрае уште неколку години“, напиша извршниот директор на медиумскиот концерн.

Вештачката интелигенција би можело да го замени новинарството

Во писмото, Матијас Допфнер вели дека вештачката интелигенција (ВИ) „ќе го револуционизира новинарството и медиумскиот бизнис“. ВИ може да му помогне на новинарството и да го замени.

„Вештачката интелигенција има потенцијал да го направи независното новинарство подобро отколку што било досега – или дури и да го замени“, предупреди Матијас Допфнер во интерното писмо до вработените. Алатките за вештачка интелигенција (ВИ), како што е популарниот ChatGPT, ветуваат револуција, која наскоро ќе биде подобра во „собирањето информации“ од новинарите во живо, истакна тој. Разбирањето на оваа промена е клучно за идната одржливост на издавачките куќи, рече Допфнер: само оние кои ја создаваат најдобрата оригинална содржина ќе преживеат. Тој рече дека ако медиумските компании сакаат да ја преживеат вештачката интелигенција, мора да се концентрираат на истражувачко новинарство и авторски коментари и анализи.

BuzzFeed првпат објави во јануари дека планира да користи вештачка интелигенција за „подобрување“ на содржината и онлајн квизовите, наведува Гардијан. Британските „Дејли Мирор“ и „Дејли Експрес“ исто така ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција: тие формираа работна група задолжена да го испита потенцијалот и ограничувањата на програмите како што е „ChatGPT“, велат тие за „Фајненшл тајмс“.

Од ноември минатата година, кога се отвори за корисниците, апликацијата за вештачка интелигенција ChatGPT привлече повеќе од 100 милиони корисници. ChatGPT ја актуелизира дебатата за тоа колку луѓе ќе останат без работа поради Вештачката интелигенција. Апликацијата работи така што вчитува милијарди зборови од целиот веб, кои ги користи за производство на нови текстови. Но, нејзините одговори често се неточни, што е повидливо во неанглиските одговори. Британски Гардијан објави дека австралиските академици пронашле примери како тој фабрикувал референци од веб-страници и дава лажни цитати. Неговата употреба во новинарството е сè уште проблематична. Технолошката веб-страница CNET користи алатка за вештачка интелигенција за создавање написи, но уредниците кои ги контролираат написите мора постојано да ги коригираат грешките. И покрај ова, им се промовираат текстови со погрешни информации, па се принудени да објавуваат деманти.

Во писмо до вработените, Матијас Допфнер зборуваше за главните цели на големите брендови во Германија: за Bild приоритет е дофатот, односно бројот на читатели, додека за посериозните Die Welt целта е релативно висока и постојана дигитална претплата. Во есента 2021 година, Спрингер ја купи медиумската групација Политико, тие ги поседуваат брендовите „Инсајдер“ и „Морнинг Бру“, Допфнер изјави дека тие се четврти по големина издавач во САД во однос на досегот.

Матијас Допфнер во јануари изјави за новинската агенција DPA дека неговата цел е да ја заврши дигиталната трансформација и да го претвори „Axel Springer“ во чисто дигитална компанија. Колку долго ќе се објавуваат печатените изданија на Bild и Die Welt? „Не знам. Но, сосема е јасно дека еден ден нема да има печатени весници на „Axel Springer“. Освен можеби специјални изданија“. Минатата година тиражот на печатеното издание на Билд падна под еден милион, додека продажбата на електронското издание расте.

Подготви: Ј. Ѓ.

 

Tags: „Axel Springer“вештачка интелигенцијамедиуминовинарство
Next Post

Москва будно го следи „сеењето тензии на руските граници“ после настаните во Грузија

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk