Шест месеци трае реконструкцијата на дел од булеварот Теодосиј Гологанов во строгиот центар на градот во должина од едвај петстотини метри.
Иако изминува и шестиот месец, оваа важна сообраќајница уште не е пуштена во употреба, а на лице место не може да се забележи некоја сериозна активност на изведувачот.
„Двајца работници и три машини, со толку се работи тука“ „Пет месеци да се прават 500 метри улица, тоа го нема никаде“ коментираат дел од станарите од околните згради кои шести месец имаат проблем да дојдат до своите домови, а слични маки и имаат и илјадници граѓани кои секојдневно ја користат оваа делница да стигнат до своите работни места.
Покрај реконструкцијата на овој булевар, граѓаните се револтирани и што се уште има застој на пробивањето на улицата „Есенинова“ која е важна за поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода.
Извор: 24.инфо