Денеска на седница на Влада донесовме нова одлука за донација за Украина во воена опрема и вооружување, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостувањето на ТВ21.
Во скоро време, односно тогаш кога ќе имаме сознанија дека не постојат безбедносни предизвици ќе направиме декласификација на одлуките. Тоа се вкупно шест одлуки досега и денеска извршив делумна декласификација, во однос на видот на опрема, но не и на бројот, истакна Петровска.
Таа додаде дека дел од донациите се во пешадиско вооружување, тенкови, воздухоплови – сухои, средства за противоклопни напади, муниција и друго.
Опремата се наоѓаше во магацините на Армијата и не ја нарушува борбената готовност на нашата Армија, рече Петровска.