Полициски службеници вчера во 10.00 часот во Куманово го лишиле од слобода С.М. (45) од Штип, информира МВР.
– Тој се сомничи дека на 12 март 2023 година, влегол во седум деловни објекти, при што одзел пари и предмети. С.М. бил приведен во полициска станица и во службен разговор ги признал делата, соопштуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.