ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката Веапоска

November 21, 2025 22:13
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег.

Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и третообвинетата лекарка  Лилјана Јованоска.

– Судот обвинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траење од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години, кажа судечкиот судија Јордан Јованов при изрекувањето на пресудата.

Пропустите кои повлекуваат одговорност, според судот, се посочуваат кај првообвинетиот, докторот Асани, во постоперативното следење. Според судот, обвинетиот Асани и покрај влошената здравствена состојба на родилката, после царскиот рез не направил дијагностика и ехо за настанатото крварење што довело до хеморагичен шок, кога непотребно и биле извадени три здрави органи.

– Вештото лице појасни дека постоперативното следење требало да биде направено уште во стартот, а во текот на четирите постоперативни денови не биле преземени дејствија на дијагностика со кои што навремено би се открило од каде е изворот на крварењето за кое што подоцна се дознало дури пред свршен чин, на 31 август 2020 година кога била изведена операцијата, рече Јованов, забележувајќи дека лекарот требало да намалувањето на крвните вредности алармирале за натамошни испитувања и методи кои не биле преземени.

Оштетената Веапоска изрази задоволство од изречената казна, со забелешка дека вина во случајот има и второобвинетиот, кој како специјализант присуствувал при вршењето на царскиот рез.

– Од пресудата сум задоволна поради Мухамед Асани што му се одреди затвор, но не сум задоволна заради ослободувањето на Блертон Асани, како специјализант се учел врз мене, изјави Веапоска.

Бранителот на Веапоска, Сашо Јанев, посочи дека максимлано изречената затворска казна за докторот покажува дека правосудниот систем во земјава се опоравува.

Судскиот процес против тројцата лекари гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, траеше околу три години и три пати почнуваше од почеток поради менување на судечките судии.

Next Post

Големи промени за Евровизија 2026: Построг кодекс за учесниците, жири и во полуфинале

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk