ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Pitch.Match.Grow vol. 2 – конференција насочена кон поддршка за интернационален настап на домашните стартапи

March 16, 2023 14:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на PwC, изминативе два дена во Скопје се одржа второто издание на конференцијата Pitch.Match.Grow vol. 2 која на едно место ги собра сите релевантни чинители во стартап еко-системот. Целта на настанот е да го олесни развојот, растот и интернационалниот пазарен настап на стартапите од Северна Македонија.

Голем број претприемачи, инвеститори и различни домашни и меѓународни експерти, како и различни поддржувачи на стартап екосистемот, имаа можност да се вмрежат и да проследат презентации, панели и разговори со некои од најзначајните домашни и интернационални бизнис лидери во стартап светот, пренесувајќи свои искуства и совети како ефикасно да се влијае врз дополнителен развој на домашната стартап сцена.

„Возбудени сме што го организираме второто издание на Pitch.Match.Grow“, рече Драган Давитков, партнер во PwC, додавајќи: „Како компанија чија цел е градење на доверба во општеството и решавање на значајни проблеми, веруваме во моќта на стартапите да поттикнат иновации и да ја обликуваат иднината. Сепак, разбираме и знаеме дека да се управува во сложениот бизнис свет може да биде предизвик, особено за оние кои што се на почеток и PwC e тука за вас. Со нетрпение очекуваме да ги видиме иновативните идеи и поврзувањата што ќе произлезат од овогодинешната конференција“.

На конференцијата беа отворени повеќе актуелни теми и прашања поврзани со управување со ризичен капитал и прибирање на средства, маркетинг, продажба, како и финансиски можности за дигитализација.

Првиот ден, на конференцијата се претстави една од највлијателните бизнисменки во Хрватска – Хајди Ценан, ко-основач и извршен директор на airt.ai, која зборуваше на тема вештачка интелигенција и нејзиниот потенцијал да ја обликува иднината. Потоа следеше работилницата „Можности за доделување на опции за акции или удели на вработените“ на која експерти од PwC споделија насоки и одговараа на прашања поврзани со структурирањето, имплементација и реализација на овие шеми. Понатаму, голем интерес поттикна и работилницата  „Основи на блокчеин и криптовалути“ на која учесниците имаа можност да создадат свој дигитален паричник.

Во посебна сесија на тема „Како да се пробиете низ вревата“, своите успешни стартап приказни ги споделија основачите Светлана Кордумова (pixyle.ai), Филип Арсов (Synapse), Јосиф Дамјанов (Fitkit app &Coach Foods), Никола Велковски (Howitzer) и  Александра Митревска (NativeTeams). Оваа сесија им овозможи на присутните да ги разберат предизвиците со кои се соочиле говорниците-основачи на стартапи и од прва рака да дознаат како страста и креативноста им помогнале за да се соочат со пречките во градењето на успешен бизнис.

Во текот на првиот ден УНДП го промовираше отворањето на нова градска лабoрaторија која ќе придонесе за развој на биотехнологии во нашата држава. Во овој панел, се споделија, детални информации околу програмата за стартапи кои работат со биотехнологии.

Денот заврши со опуштен разговор со Вања Јосифовски, искусен претприемач со децениско искуство во технолошката индустрија, основач на стартап Kumo, кој бил и дел од тимовите на најголемите технолошки гиганти, вклучувајќи ги Google, Airbnb, Pinterest и Yahoo. Вања го сподели своето лично искуство и понуди важни совети за тоа како да се истрае низ подемите и падовите на претприемништвото.

Вториот ден од конференцијата опфати сесии со Venture Capital, Vitosha Venture Partners, South Central Ventures, Driton Musoli – Angel investor и Про, каде се дискутираше за можностите за пристап до финансии. Се одржа и панел за улогата на акцелераторите како врска помеѓу идеите и инвестициите каде зборуваа претставници од GIZ, Бизнис акцелераторот на УКИМ и стартапот Impala. На работилниците на вториот ден, присутните дискутираа со експерти за стратегии за задржување на талентот во компаниите, а се стекнаа и со основни даночни знаења. Глобални стартапи кои се претставија во текот на вториот ден од конференцијата се 3-Lateral и NVIDIA.

На конференцијата учествуваа повеќе од 200 претставници, меѓу кои и студенти од пет факултети во земјава, како идни носители и двигатели на стартап заедницата.

Tags: Pitch.Match.Grow vol. 2Стартапи
Next Post

Вархеи: Членството на Албанија е блиску, во септември ќе започнеме со приемниот процес

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk