ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Средните училишта и вонредните ученици со голем интерес за програмата „Втора шанса“

March 16, 2023 09:38
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Средните стручни училишта од Република Северна Македонија и вонредните ученици се заинтересирани да бидат дел од реализација на пилот мерката „Втора шанса“ во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ кој го спроведува Агенцијата за вработување и е финансиран од ЕУ.

Целна група на пилот мерката „Втора шанса“ се невработени лица кои немат завршено средно стручно образование, односно 3-та година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 4-та година од техничкото образование (четиригодишно образование) и спаѓаат во ранливите целни групи корисници на гарантирана минимална помош; млади лица до 29 години; Роми; жени; лица со попреченост и долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција) кои се заинтересирани да се вклучат во пилот мерката „Втора шанса“. Со комплетирање на средното стручно образование, тие ќе добијат диплома која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование.

„Сите институции, почнувајќи од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување, Центрите за вработување, Центарот за образование на возрасни, Центарот за средно стручно образование, ЗЕЛС и средните стручни училишта, се вклучени во спроведување на оваа пилот мерка. Со активностите, се зголемува соработката меѓу институциите на системот и се овозможува ефективна реализација на целите. Пријавувањето е во тек и досега има голем интерес од лица кои сакаат да ја искористат шансата и да го завршат своето средно стручно образование. Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во Центрите за вработување на Агенцијата за вработување, каде редовно се евидентираат како невработени лица и при тоа треба да треба да приложат оригинал од Свидетелство за завршена претпоследна година од средното стручно образование“, објаснува Влатко Стојановски, координатор на пилот програмата „Втора шанса“.

Според податоците од 2023 година, од вкупно 111.896 невработени лица, 58% се лица без образование и со основно образование, а 9% се со непотполно средно образование. Цо цел директно да се презентираат можностите преку мерката „Втора шанса“, Агенцијата за вработување организираше 8 регионални средби низ целата држава на кои присуствуваа сите средни стручни училишта.

Агенцијата за вработување, веќе трета година, го спроведува ИПА проектот “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот”, за кој 3.00.000 евра се обезбедени од страна на Европската Унија, 350.000 евра се од национално кофинансирање и 841.000 евра од Буџетот на Агенцијата за вработување. Општа цел на проектот е да се намали долгорочната невработеност со вклучување во невработените лица од ранливите категории во специјализирани програми и услуги за развој на вештини барани на пазарот на трудот.

Tags: програмаучилишта
Next Post

Кулеба: Русија мора да биде отстранета од Советот за безбедност на ОН

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk