Денеска во рамки на #ОтворенКабинет, претседателот на РСМ, Стево Пендаровски се сретнав со Јане Велковски, млад, но голем борец за унапредувањето на правата на децата со атипичен развој.
-Спиналната мускулна атрофија не го спречува, на свој начин, да го прави сето она што го прават неговите врсници. Честитки за позитивниот став со кој им пркоси на физичките бариери, ширејќи порака за подигнување на јавната свест за еднакви можности за сите, напиша Пендаровски на својот Фејсбук профил.
Наша обврска, како држава, но и како индивидуи е да градиме инклузивно општество во кое секој ќе може ги изрази своите потенцијали, додаде тој.