ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ќе се подобруваат капацитетите на нови десет општини преку програмата „Зајакнување на општинските совети“

March 17, 2023 13:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Избрани се нови 10 општини кои во наредните 18 месеци ќе бидат дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“. Станува збор за општините Кисела Вода, Студеничани, Градско, Карбинци, Виница, Дебар, Маврово и Ростуше, Гевгелија, Ресен и Ранковце, кои беа избрани преку јавен повик на кој аплицираа вкупно 28 локални самоуправи.

Програмата „Зајакнување на општинските совети“ се фокусира на неколку компоненти преку кои се подобруваат капацитетите на општините за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните. Советницте во избраните општини ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која вклучува обуки на вкупно 11 теми поврзани со јавен финансиски менаџмент, просторно и урбано планирање, добро управување и борба против корупција, меѓуопштинска соработка, родова рамноправност, животна средина и справување со кризи на локално ниво.

Дополнително, секоја од десетте општини ќе има можност да искористи грант во висина од 30.000 до 50.000 долари за проекти кои ќе бидат избрани низ директна консултација со граѓаните преку Форуми во заедниците. Овие проекти, во кои со кофинансирање ќе учествуваат и општините, се со цел да се подобри квалитетот на живот во локалната заедница.

Секоја од десетте општини ќе добие финансиска поддршка во висина од 10.000 до 12.000 долари наменети за воведување дигитални алатки за подобрување на отчетноста, транспарентноста и учеството на граѓаните во работата на општинските совети.

Ова е втората група од 10 општини кои ќе учествуваат во втората фаза на „Зајакнување на општинските совети“, а во наредните две години ќе бидат вклучени уште 20 општини.

„Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ е програма со вкупна вредност од 6,6 милиони долари, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.

Во првата фаза од програмата, која се спроведуваше во периодот 2016 – 2022 година, беа вклучени вкупно 24 општини. Покрај успешната реализација и поддршката која ја добија општините, иновативните алатки за поголема транспарентност и отчетност, креирани во рамки на програмата, ја освоија третата награда на европско ниво на Глобалниот самит за Партнерство за отворена власт кој се одржа во Сеул, Република Кореја, во декември 2021 година.

Tags: општиниУНДП
Next Post

Продолжува објаснувачкиот скрининг за Кластер 4: Животна средина и климатските промени предуслов за зелен економски развој

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk