ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Напредокот на земјата е видлив, фокус на реформите и искористување на моментумот за забрзување на преговорите со ЕУ

March 17, 2023 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Северна Македонија рече дека вратите на ЕУ се отворени, но дека на нас останува да ги завршиме обврските и да испорачаме резултати кои се во интерес на граѓаните и на економскиот развој на државата.

– Имаме добра подготвеност да го продолжиме процесот на преговори со ЕУ. Политичката поддршка и наклонетоста која ја имаме од земјите членки на ЕУ треба да ја искористиме сега и да го задржиме континуитетот на евроинтеграциите, додаде вицепремиерот Маричиќ, соопшти СЕП.

Маричиќ истакна дека Северна Македонија ја спроведува Спогодбата во континуитет и во целост, со што, како што се посочува, е постигнато значително ниво на хармонизација на националното законодавство со правото на ЕУ.

– Сите тела на ССА се во редовно заседание што се потврдува и со овој состанок денеска. Согласно новата методологија за пристапни преговори телата на ССА – Советот, Комитетот и поткомитетите добиваат посебна тежина и важност бидејќи во рамките на истите ќе се следи динамиката на пристапните преговори со што ќе се прошири опфатот на темите за дискусија, напомена вицепремиерот Маричиќ.

За точката посветена на економските критериуми, Маричиќ наведе дека ликвидноста и солвентноста на банкарскиот систем е солидна и стабилна.

– Макроекономската стабилност на земјата е задржана и бележи солиден раст од 3,2% во првата половина од 2022 година. Извозот на стоки и услуги забележа раст од 14,5% на реална основа. Позитивните движења на пазарот на трудот продолжија во текот на 2022 година. Стапката на невработеност во третиот квартал од 2022 година се намали на 14,3%, додека стапката на вработеност достигна 47,3%, рече Маричиќ.

Тој укажа дека е донесен новиот Закон за буџети со кој се воведуваат фискални правила, фискален совет, среднорочно буџетирање и дополнително подобрување на фискалната транспарентност, а се осврна и на започнатата реформа на даночниот систем согласно Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025.

Вицепремиерот, посочи дека и покрај сите предизвици, постигнат е напредок и во однос на понатамошното усогласување со ЕУ законодавството, наведувајќи дека е донесена Стратегија за развој на системот за јавни набавки 2022-2026.

Во областа на енергетиката, Маричиќ кажа дека приоритет претставува ревизијата на Националниот енергетски и климатски план, како и активностите за подобрување на енергетската ефикасност, со цел намалување на ранливоста на земјата на надворешни шокови и зголемување на енергетската сигурност.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ со европската делегации, се додава, ги сподели и позитивните впечатоци од досегашниот тек на скринингот и изрази благодарност до комесарот Вархеји и службите на Европската Комисија за добрата организација на скрининг состаноците.

Тој напомена дека е важно за нас да ги добиеме скрининг извештаите што е можно побрзо, за, како што оцени, да се задржи фокусот и мотивацијата за реформите и кај администрацијата и кај општеството во целина.

-Паралелно работиме и на подготовка на придонесот кон годишниот Извештај на Европската Комисија, во кој се вклучени преку 160 институции и над 1200 државни службеници. Убеден сум дека и во овогодишниот Извештај, Комисијата ќе нотира дека е постигнат напредок, и покрај сите внатрешни и глобални предизвици со кои се соочуваме непрекинато, истакна вицепремиерот за европски прашања.

Маричиќ, како што редовно изјавува, на секој билатерален скрининг, на состанокот потврди дека Северна Македонија е подготвена во целост да го преземе законодавството на Европската Унија во својот внатрешен правен поредок и да изгради ефикасни административни и правосудни капацитети за негова целосна примена.

-Пристапните преговори ќе бидат дополнителен поттик да се продлабочи и забрза интеграцијата и целосната транспозиција на европското законодавство во националниот правен и институционален систем. Очекуваме дека новата методологија за пристапни преговори која се применува за првпат во нашиот случај (и Албанија), ќе придонесе за динамизирање на преговорите, забрзана и неповратна трансформација на нашите општества во целосно функционални демократии и конвергенција на нашите економии со намалување на диспаритетите, рече Маричиќ.

На состанокот вицепремиерот се заблагодари за поддршката која ја добиваме од ЕУ за спроведување на реформите преку Инструментот за претпристапна помош – ИПА, но и за помошта за макроекономската стабилност и справување со последиците од енергетската и ковид кризата.

-Рамковната спогодба за спроведување на ИПА 3 е ратификувана, влезе во сила. Акредитациските пакети за спроведување на проекти во секторите транспорт и животна средина се подготвени, ја поминаа фазата на воспоставување, само-оценување и во моментов се во фаза на оценка на сообразност во рамките на ИПА ревизорското тело. Секторската спогодба за ИПАРД III е потпишана од двете страни со што се исполнети условите за спроведување на ИПАРД програмата, додаде Маричиќ.

На состанок се разговараше и за напредокот на земјата, реформската агенда и планираните активности и задачи кои треба да се реализираат во понатамошниот тек на евроинтеграцискиот процес.

Со состанокот претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. Во делегацијата покрај вицепремиерот Бојан Маричиќ, беше и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Делегацијата на ЕУ беше предводена од Жосеп Борел Фонтелес, Висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, како и Оливер Вархеји, Комесар за соседство и проширување, кои ја претставуваа Европската комисија.

Ова е прв состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација што го одржуваме како земја која преговара со ЕУ. Последниот се одржа пред четири години во Брисел, а денешниот 16-ти состанок, по прв пат се одржува во Скопје, наведуваат од СЕП.

Tags: Бојан МаричиќЕУ
Next Post

Украина 387. ден | Руско гранатирање на висококатница во Авдиивка и егзекуција на невооружени украински заложници; Словачка донира 13 борбени авиони за Украина

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk