ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одвратни ми се луѓе кои не се борат за покачување на плати и пензии на најранливите граѓани

March 17, 2023 11:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Сигурно се сеќавате на оној лелек на Трајко Славески кога вели дека не треба да им се зголемува минималната плата на граѓаните, дека не треба да се покачуваат минималните плати и пензии; не требало на широкото граѓанство ништо да му се покачува затоа што тоа ќе предизвикало не знам што во фискалната политика, и бла, бла, бла…

А од друга страна, вчера, Ковачевски на телевизија Сител, рече нешто обратно и паметно: треба да им се покачуваат платите на граѓаните, и не само тоа, вели Ковачевски, треба тоа да се прави во континуитет. Тука, гледаме, се мешаат две политички парадигми, односно се дефинираат две политики. Едната, онаа на Трајко Славески која ни вели: „граѓаните да останат во сиромаштија, а со тоа ќе останат и во покорност“; а другата парадигма е на Ковачевски која ми вели, „егзистенцијата на граѓаните е најважна за да се одржи граѓанинот“.

Добро, не сум наивен дека тоа што го зборува Славески Т. е негово, тоа е ходник на неговиот претпоставен, а тоа е Мицкоски. Во таа смисла, тој, значи Славески Т., Мицкоски и сличните популисти, повеќе-помалку го презираат својот народ. Повторуваат дека „народот е наш слуга“, па што има на слуги да им се покачува било што, па дури и кога станува збор за плати и пензии.

Ама ако за леб заработувате така што го ѓубрите земјиштето кај некој англиски лорд, а тој – додека во гомна чекорите, а на своите рамена носите вили – ќе клекне пред вас и ќе ви се заколне дека тој е богат, ама богатството го направил само како би можел на вас да ви биде слуга – нема да му поверувате. Само ќе посакате да престане да ве навредува.

Оттука, Славески и Мицкоски мене ми се кажуваат дека не се „вмроовци“, туку се марксисти. Оти што има да им се зголемуваат плати на нашите граѓани-робови кои утре ќе треба да нè гласаат?

Значи граѓани кои се најранливи и кои земаат зголемена минимална плата од дваесет илјади денари, за Славески и Мицкоски значи дека тие тоа не го заслужиле. Заслужил Трајко ајфон, пари и службен автомобил од истите тие граѓани, ама граѓаните не заслужуваат зголемена минимална плата. Не заслужиле граѓаните да имаат плати, ама заслужил Мицкоски од професорка плата да има станови и куќи, скапа гардероба и одело на Карл Лагерфелд, а граѓаните не заслужиле да добијат поголема минимална плата.

Ова што го презентира ВМРО-ДПМНЕ кон своите сограѓани, не само за плати и пензии, туку и за идеи и вредности, правци и цели во политиката, не е ништо друго освен брилијантна лекција за мизантропија. Што е следно, дека нашиот граѓанин е глупав, има низок IQ, и дека тоа е вистинскиот проблем на оваа земја?

Кога следен пат ќе ви зборува Славески или Мицкоски дека не треба да се зголемуваат платите и пензиите затоа што ќе предизвикало не знам што во фискалната политика, и бла, бла, бла, сетете се дека тие ја презираат демократијата и ги презираат релативно-пристојно платените граѓани. А, ако оној што планира да владее, дополнително и ги навредува и потценува граѓаните, велејќи им дека не треба да им се покачуваат платите и пензиите, како тогаш, ќе ве замолам убаво, вие ја дефинирате диктатурата?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌпензииплатиТрајко СлавескиХристијан Мицкоски
Next Post

Движење Анти коцкање: Триаголникот на казината, брзите кредите и аптеките прави фатални болни судбини

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk