ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Регионот создава траен мир, а Мицкоски глуми „шпицен градоначалник“ и повторно го оспорува “Отворен Балкан”

March 18, 2023 20:06
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поради неговите антиевропски ставови и блокирањето на европската агенда повторно останува изолиран од важните државни процеси и на маргините од политичко-дипломатските случувања?

Додека Северна Македонија од ЕУ е означена како фактор за стабилност во регионот која промовира регионална соработка, Мицкоски деновиве остана незабележан од сите државници и дипломати кои дојдоа во нашата држава.

Во Скопје се одржа Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија на кој присуствуваа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји. Тие се сретнаа и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Северна Македонија.

Во агендата на Борел и Вархеји го немаше Христијан Мицковски и со тоа му беше испратена јасна порака дека неговата политика со која ја загрозува европската иднина не е одобрена од Брисел и дека ЕУ гледа опасност од таквото делување на опозицискиот лидер.

Нешто слично е и денеска во Охрид. Премиерот Димитар Ковачевски е домаќин на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Таму, заедно со Ковачевски пристигна и Борел, а им се придружи специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Во Охрид истовремено е и Мицкоски, но за него немаше место со високите претставници за дијалогот Белград-Приштина, туку тој е на увид на градежни активности на неговиот градоначалник. Денешната слика од Охрид потсети на последните години кога премиер беше Никола Груевски, кој исто така беше изолиран од целиот западен свет.

Односот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон европската иднина очигледно е добро препознат од европските функционери и со ваквото изолирање на лидерот на опозициската партија се алармира дека ВМРО ДПМНЕ треба на дело да ги покажат нивните проевропски заложби, а не како секогаш да останат само на зборови.

Од друга страна пак, државава во изминатите години е препознаена како промотор на регионална соработка со решавањето на деценискиот спор со Грција и вложените напори за надминување на спорот со Бугарија.

Вархеји и Борел недвосмислено потврдија дека Северна Македонија ги има отворено преговорите со Европската Унија и дека сега е на нас да испорачаме реформи за да станеме членка до 2030 година.

Доказ за довербата и позитивните сигнали од Европската Унија и нашите стратешки партнери од НАТО е и фактот што Советот за стабилизација и асоцијација за прв пат се одржа во Скопје, наместо во Брисел или Луксембург и тоа што токму Северна Македонија беше избрана за местото каде што ќе се одржат разговорите Белград-Приштина.

Мицкоски денес од Охрид, токму на денот кога цел регион вложува во сопствен траен мир повторно одлучи да ја оспорува “Отворен Балкан” една од иницијативите кои обезбедуваат добрососедство, соработка и брз проток на стоки, луѓе и услуги. Мицкоски денеска повторно изјави дека немал информации за иницијативата и праша како можело да се разменуваат стоки меѓу две држави кои не се граничеле меѓу себе.

Сето ова може да се толкува дека единствената пречка на патот кон членство во Европската Унија на Северна Македонија остануваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: блокададијалогЕУКосово-СрбијаМицкоскиОтворен БалканОхридшпицен градоначалник

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk