ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дали ќе се раскине договорот за Коридорите 8 и 10д ако се потврдат наводите за избраниот надзор?

March 20, 2023 13:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ќе постапи во секое време согласно со наодите и заклучоците на која било институција во државата во однос на проектот за изградбата на коридорите 8 и 10д, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали ќе се раскине договорот за инфраструктурниот проект ако се потврдат објавите што се пласираат во јавноста за избраниот надзор.

Ковачевски потсети дека веќе ги повикал Антикорупциската комисија и Обвинителството да ги испитаат сите информации и врз основа на тоа да донесат одлуки.

-Тоа го потврдивме со тоа што сите документи што се дел од тендерската постапка и што беа спроведени врз основа на Законот за овој проект, изгласан од Собранието и потврден од Уставниот суд, се јавно објавени на Бирото за јавни набавки согласно со сите спроведени процедури. Минатата недела веќе кажав дека сите институции треба да работат согласно своите надлежности, тука пред се мислам на Антикорупциската комисија и на Обвинителството кои што треба секоја информација да ја испитаат и врз основа на тоа да носат одлуки, изјави Ковачевски, по настанот по повод хуманитарната акција за помош и поддршка на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Прашан дали Владата е подготвена да ја повтори тендерската постапка, тој нагласи дека „се што ќе произлезе од овие постапки нормално дека Владата ќе го спроведе“.

Ковачевски минатата недела апелираше Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да постапат околу објавите и сомнежите што се пласираат во јавноста за избраниот надзор за изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д бидејќи, како што порача тогаш, мора точно да се знае што е шпекулација, а што е вистината во овој голем проект.

Надзорот за проектот го доби конзорциумот ИРД со уште три фирми како подизведувачи, а американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ќе биде ангажиран и за проектирање и за градба.

Предвидена е изградба на четири автопатски делници во должина од 108,8 километри, а планираната инвестиција е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријација.

Tags: ДКСККовачевскиКоридор 8 и 10дНадзор
Next Post

(ФОТО) Руско гранатирање врз Авдиивка и Краматорск

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk