За Историската судска победа на македонскиот јазик во Грција, каде судот во Лерин ги одби тужбите за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција, Ацо Лукароски вели дека „Курирските медиуми“ во Македонија молчат.
„Прво стигна вест дека во Грција ќе се учи македонски јазик.
„Курирските медиуми“ не ја објавуваа таа убава вест.
Потоа стигна вест дека имало многу тужби и дека од судот се барало да ја укине одлуката да се дозволи учење македонски јазик во Грција.
На „курирските медиуми“ тоа им беше ударна вест. Со наднаслов „Радоста кратко траеше“. Ликуваа.
Грчкиот суд ги укинал сите тужби, а тоа значи дека новите генерации Македонци во Грција ќе го учат македонскиот јазик.
Сега очекувам нов МОЛК од сите лажни патриоти во Македонија!“, објави Ацо Лукароски.