РИБАРО
Пак заглавив со Отворен Балкан. По не знам кој пат се попишманив – еднаш велам не ја знам иницијативата, потоа дека е добра, па сега од Охрид, велам пак дека не ја бива таа работа. Дајте ми ум како да се вадам сега од оваа калакурница шо сам си ја приредив, се обратил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до своите соработници, дознава АХА.
Не поминуваат наменските изјави – една за дома друга за надвор. Ме прочитаа сите шо мустра недоветна сум. Дајте ми ум како да се вадам од ова, молел Мицкоски.
„Во Скопје се одржа Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија, дојдоа Борел, Вархеји, се сретнаа со Таче, со Стево, со Талат и Славјанка, мене никој на ум не ме става, како да не постојам на политичката сцена, човече?! Во Охрид Таче ги пречека Курти и Вучиќ со евроглавешиниве, а јас таму дремам по кафани како некој бараба. И што побогу пак ми требаше ова со Отворен Балкан да го изустам дека пак не ја знам иницијативата? Па не поминаа ни три месеци како за српска Политика, реков дека „таков процес (Отворен Балкан) ќе ни помогне да излеземе од овој вител трите држави заедно“. Каде ли ми беше паметот?!“, вели Мицкоски.
Па после се лутам што не ме есапеле за сериозен челнициве од ЕУ и ме игнорираат. Па што да ми прават(?!), пропелтечил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK