ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МТСП: Ги демантираме лагите на ВМРО-ДПМНЕ за директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“

March 20, 2023 13:39
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Министерството за труд и социјална политика, ги демантираше изнесените невистини на прес-конференција од страна на членови на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара,“ Битола.

„Квалитетот на професионалните компетенции, работната етика и почитувањето на законите се условите кои мора да бидат исполнети од страна на раководните лица поставени од Министерството за труд и социјална политика, предводено од министерката Јованка Тренчевска.

Извршувањето на работните задачи, почитувањето на редот и дисциплината на работното место, не може да се израмни со мобинг. Оттука, лаги се и изнесените наводи за мобинг на работно место.

Директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара,“ Битола, во случај со пензионирана вработена како дел од техничкиот персонал, до вработување на нов работник на истата позиција ја искористила можноста, истовремено почитувајќи ги законските прописи, врз основа на потпишаниот анекс на договор за вработување да ја распореди вработената за вршење на работа од едно на друго работно место кое одговара на нејзиниот степен на стручна подготовка, во рамките на работното време.

Грижата за децата и обезбедувањето на нивени правилен раст и развој во процесот на предучилишното воспитание и образование е приоритет на Министерството за труд и социјална политика. Продолжуваме да вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание и стручен кадар кој е на ниво на задачите и професионалните компетенции“, се вели во демантот.

„По назначувањето, директорката на јавната општинска установа, детска градинка „Естреја Овадија Мара“ во Битола – Лидија Тфирст Митревска тргнува во контраофанзива против сите вработени за кои мисли дека се против неа и против нејзината партија Социјалдемократскиот сојуз, злоупотребувајќи ја својата партиска моќ и блискост со министерката Тренчевска, лечејќи ги своите лични и партиски фрустрации, секојдневно врши мобинг и реваншизам врз вработените. Вработените се обидуваат да се заштитат преку синдикалната организација, но и самиот Синдикат е подложен на притисоци и закани“.

Ова на прес-конференција го изјави Лидија Малинковска, член на централна Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Малиновска рече дека „како круна на своеволното и незаконито однесување таа спротивно на Хасап стандардите, ги присилува дел од вработените кои работат во кујна, во ист ден да извршуваат работни задачи во кујна и да чистат тоалети со истата облека, со што директно се загрозува здравјето на децата“.

„Своеволното однесување на директорката и незаконското работење продолжува и понатаму и вршењето притисоци и мобинг резултираат со малтретирање на вработените кои се вознемирени, им се загрозува здравјето и се приморани да го напуштат работното место и да побараат лекарска помош. При обидот да се побара заштита од синдикалната организација директорката продолжува со уцени и закани, демонстрирајќи сила и моќ над вработените, со поддршка на министерката Тренчевска на која постојано се повикува“ рече таа.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“МТСП
Next Post

Суперстарс зделка

НАЈНОВО

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk