ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Политико“: Обвинение против Трамп денеска или в среда

March 20, 2023 19:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, СВЕТ

Претставниците на органите за спроведување на законот се состанаа на Менхетен за да разговараат за обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кое би можело да биде поднесено вечерва или в среда, како и за неговото можно апсење поради, меѓу другото, поткупот на порно ѕвездата Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година, објави денеска американски „Политико“, повикувајќи се на тројца неименувани извори вклучени во случајот.

Големата порота се очекува подоцна денеска или в среда да го обвини поранешниот претседател Трамп за, меѓу другото, подмитување на порно ѕвездата Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.

На средбата во седиштето на њујоршката полиција, покрај претставници на тој оддел, присутни се и претставници на американската тајна служба, судски службеници и службеници од канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брега.

Ќе разговараме како да го приведеме Трамп, истакнал еден од изворите, наведувајќи дека се уште не е донесена одлука.

Канцеларијата на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брега ја истражува тајната исплата од 130.000 долари извршена од Мајкл Коен, поранешен „фиксатор“ на Трамп, на порно ѕвездата Сторми
Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.

Кога запечатеното обвинение ќе биде доставено до судијата, обвинителството ќе разговара за предавањето на Трамп со неговиот бранител, изјави неименуван судски функционер, додавајќи дека доколку Трамп не се предаде, по него ќе биде распишана потерница.

Трамп во саботата објави дека, според протечените информации, очекува да биде уапсен во вторник и ги повика неговите приврзаници на протести.

Портпарол на Трамп истакна дека поранешниот американски претседател не бил известен за никакво претстојно апсење.

Г. Т.

Tags: апсењеОбвинениепорно ѕвездапоткупТрамп
Next Post
Фото: Ukrinform

Украинската православна црква ја призна автокефалноста на МПЦ

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk