Вселенското одело што ќе го користат астронаутите за претстојната лунарна мисија Артемида 3, беше претставен од НАСА и Аксиом Спејс. Мисијата Артемида 3, планирана за лансирање кон крајот на 2025 година, ќе биде првата што ќе ја посети Месечината по Аполо 17, уште во 1972 година.
Новиот прототип на вселенскoто одело Axiom Extravehicular Mobility Unit (AxEMU), беше претставено на настан во Вселенскиот центар Хјустон, САД на 15 март 2023 година.
Овие нови вселенски одела се дизајнирани да обезбедат одлична флексибилност и поголема заштита на астронаутите откако ќе стигнат до површината на Месечината, пренесува Би-Би-Си ScienceFocus.