ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Тренчевска за трибината „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“: Вакви ставови го враќаат општеството назад

March 21, 2023 14:17
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со реакција до јавноста на изнесените ставови во однос на родовата еднаквост и новото предлог законско решение за родова еднаквост, изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“ во организација на Елеуса Фондацијата.

„Предлог законот за родова еднаквост ја унапредува родова еднаквост во општеството, целиме кон општество без стереотипи, враќањето назад е уназадување на општеството.

Креирањето на законски решенија кои имаат за цел унапредување на правата на сите граѓани, согласно потребите на едно современо општество е приоритет и сериозна обврска во работењето на Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока, на транспарентен начин, со вклученост на сите засегнати релевантни чинители во општеството се креираат сите законски решенија кои се во негова надлежност.

Поаѓајќи од тоа дека, граѓаните мора да бидат точно и навремено информирани, за работата на министерството, истото организираше и осум јавни дебати за новиот Предлог закон за родова еднаквост со кои беа опфатени сите региони во државата, а на кои присуствуваа заинтересираните страни, како што се координаторите и комисиите за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво, претставници на локални здруженија на граѓани како и жени пратенички.

Токму овие јавни дебати се со цел, оставање на простор за искажани мислења, ставови, сугестии и предлози од кои ќе бидат во насока на подобрување на законското решение.

Министерството за труд и социјална политика, ја информира и реагира до јавноста дека во врска со изнесените ставови во однос на родовата еднаквост и новото предлог законско решение за родова еднаквост, изнесени на трибина „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата„ во организација на Елеуса Фондацијата, дефинициите и поимите, кои се во дискурсот на родовата еднаквост се погрешно интерпретирани, користејќи реторика која е спротивна на основните принципи за човекови права врз кои се заснова Предлог Законот за родова еднаквост.

Целта на законот е да се обезбеди остварување на потполна родовата еднаквост, преку зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување на одлуки во сите сфери на општествено живеење за целосно надминување на пречките и создавање услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет.

Предлог законот ќе овозможи усогласување со новите ЕУ директиви во насока на поефикасна легислатива за родова еднаквост и ќе придонесе за јакнење на владеењето на правото, изградба на независни институции и функционален систем на национално и локално ниво.

Предлог законот дефинира „Пол“ како биолошка и психолошка карактеристика врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи, додека „Род“ е социјална конструкција која ги подразбира општествените својства и можности што се поврзуваат со тоа да се биде женско или да се биде машко.

Во овој контекст, полот се однесува на биолошки и физиолошки карактеристики кои ги дефинираат мажите и жените, односно број и вид на полови хромозоми, хормони, внатрешна репродуктивна анатомија и надворешни гениталии. Овие карактеристики се универзални и генерално постојани. Исклучок се случаите на интерсексуалните лица кај кои уште од самото раѓање овие карактеристики не се ниту целосно типично машки, ниту целосно типично женски. Интерсексуалните лицата не треба да се мешаат со трансексуалните лица чиј родов идентитет се разликува од она што во културата се поврзува со нивниот пол на раѓање.

Тенденцијата на овој закон е да се надминат пречките и недостатоците во ефикасното обезбедување на еднаквост и елиминирање на стереотипите во општеството.

Наративот против родовата еднаквост вклучително и сексуалното образование е манипулирање на реалноста и илузија за враќање на патријархалните сфаќања, неприфаќање на различностите и наметнување на дискриминирачки ставови за различноста.

Сексуалното образование во училиштата ќе овозможи поддршка на младите во созревањето, да изградат сопствен систем на вредности и самопочит што ќе им овозможи да носат одговорни одлуки и да се однесуваат одговорно, да се спречи предвремени и незаштитени сексуални односи, да се превенираат бројните несакани последици од незнаење и предрасуди, злоупотреба и насилство и да придонесе за развој на толерантни и квалитетни односи помеѓу момчињата и девојчињата засновани на меѓусебна почит.

Ваквите ставови изнесени на трибината го враќаат општеството назад, не придонесуваат за подобар квалитет на живеење туку водат кон зајакнување на стереотипите и предрасудите, кон говор на омраза, дискриминација и ксенофобија“, се истакнува во објавата на Тренчевска.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: родова еднаквостТренчевскацрква

НАЈНОВО

Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, опозицијата вели си прави „преторијанска гарда“, ЕУ и Велика Британија загрижени

July 4, 2025

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk