Meѓународната жири комисија при Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на 21 Март 2О23 година ги донесе Одлуките за доделување на највисоките награди за 41 издание на светската детска ликовна изложба и конкурс “Битола”.
На светскиот детски ликовен конкурс кој траеше во периодот од 2О септември 2О22 година до 2О февруари 2О23 година комисијата констатира дека пристигнаа над 65О пратки од приватни и државни училишта од цел свет – поточно од 71 држава што пак генерираше фонд од 44.ООО детски ликовни цртежи.
Meѓународната жири комисија му предложи а Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ги усвои следните наградии нивните добитници:
- Почесната награда “Проф. Коста Хаџи-Антоновски” која се доделува за значаен придонес кон светската промоција на детското сликарство и кон промоција на младите ликовни уметници и таленти се доделува на градот Чигасаки – Канагава – Јапонија
- Почесната награда “Проф. Светлана Вешиќ – Ралевиќ” која се доделува за прв пат а се однесува за најдобар педагошки пристап на светско ниво во работата со младите ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог господин Вејсел Аџар – Трабзон – Турција.
- Почесната награда за животно дело за 2О23 година “Проф. Д-р. Богомил Карлаварис” која се однесува за целокупниот работен век на ликовен педагог при работата со млади ликовни уметници и таленти се доделува на ликовниот педагог госпоѓа Киран Кансара – Вадодара – Индија
- Гран При – највисокото признание за 2О23 година се доделува на “Simply Art” – Хонг Конг – Кина
Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со ова генерираше покани кон 25 школи – тимови од 22 држави од светот кои ќе земат учество на 42 издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” која традиционално ќе се одржи во Битола во периодот од 23 – 3О мај а на која ќе се натпреваруваат екипи од: Хонг Конг [ Кина ] – Израел – Турција – Бугарија – Србија – Индија – Словачка – Полска – Албанија – Романија – Хрватска – Босна и Херцеговина – Јапонија – Тајланд – Малезија – Русија – Украина – Унгарија – Црна Гора – Португалија и Северна Македонија.
До сега учеството го потврдија над 1ОО гости – учесници.
Воедно листата на поканетите школи ќе биде детално објавена на веб страницата на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола
www.smallmontmartreofbitola.com
Резултатите пак по основ на освоени награди од светскиот детски ликовен конкурс “Битола” ќе се објават во средината на април 2О23 година.