Eден од членовите на Филмскиот совет доби официјално извинување од Транспаренси интернешнл по изнесените тврдења на Слаѓана Тасева дека постоел судир на интереси при доделувањето на средства за проекти.
-Транспаренси Интеренешнл се извини како одговор на првото барање за демант и барање за извинување, а се подготвуваат и останатите барања. Агенција за филм работи според сите важечки закони и прописи, велат во своето соопштение.
Тие додаваат дека единствена и крајна цел на Агенција за филм е продукција на филмови кои ќе останат наши најдобри културни амбасадори
-Се надевам ова ќе ги мотивира антикорупциските служби и организации (па и новинарите што рипнаа да ја објават анализата на Транспаренси, а и комисијата за култура на одредена политичка партија) малку посериозно да си ја работат работата и да бидат попрофесионални, а да не реагираат на другарски објави и трачеви, вели Сашко Мицевски, членот на Филмскиот совет откако го доби извинувањето.
Тој додава дека по нечија дојава, Транспаренси Интернешнл на 14-ти Март го обвиниле за потенцијален кривичен прекршок (судир на интереси како член на филмскиот совет во Агенција за филм) без притоа да направат добро истражување дали воопшто бил изземен од конкурот за кој аплицирал (и бил одбиен по основ, потенцијално имање судир на интереси) согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси.
-Транспаренси рипнаа “како прле пред магаре” на прес коференција со обвинување дека сум бил член (иако изземан од конкретниот конкурс) и сум аплицирал и дека заради нивната ревизија во конкурсот јас сум одлучил да го повлечам проектот, а да не биле тие кутрите јас ќе сум направил прершок што е апсолутно бизарно и чиста шпекулација. Меѓу друго мојата изјава е потпишана добри неколку недели пред вооппшто да се носи одлука и селекција на проектот и пред транспаренси да најват ревизија. А јас последен пат кога проверив со врачарите се утврди дека не сум видовит и не би можел да предвидам иднина дека тие ќе праат ревизија. Или можеби можам?, вели тој.
Транспаренс Интернешнл Македонија минатата недела објави дека констатирале постоење судир на интереси во постапувањата на Агенцијата за филм при распределба на средства по конкурс за краткометражни и долгометражни филмови од 2022 година.
Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски уште тогаш ги демантираше наводите на Слаѓана Тасева.
Според него, „ниту едно од споменатите имиња на прес-конференција на Транспаренси немаат никаков конфликт на интереси, ниту пак имало намера да имаат конфликт на интереси.
Тој информираше дека во 2020 година од страна на Министерството за култура нема констатирано конфликт на интереси.
-Не би знаел кој е мотивот на госпоѓата Тасева за искривување на вистината за едно исто лице кое постојано пријавува кај нејзе одредени неправилности во конкурсот на Агенцијата за филм, додаде тогаш Лазаревски.
Соња Танеска / ЦИВИЛ Медиа