Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Скопје се сретна со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор.
Откако се поздрави со Христијан Мицкоски, Александар Николовски и Тимчо Муцунски, Бербок и Мицкоски продолжија на средба во четири очи на терасата на резиденцијата.
Разговорот траеше нешто повеќе од половина час, а Бербок потоа продолжи на средба со претседателот на државата, Стево Пендаровски, пишува ДВ.