ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи: Македонија е на крстопат – полноправно членство во ЕУ до 2030-та или внатрешно преиспитување и застој

March 23, 2023 14:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузната министерка за надворешни работи на Германија Аналена Бербок, денес, престојуваше во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Разговорите меѓу двајцата министри се фокусираа на пристапниот процес на државата во ЕУ, при што Османи се осврна на засиленото спроведувањето на ЕУ агендата како влог во европската иднина на државата.

„Германија, продолжува да биде еден од најсилните промотори на европската интеграција на Регионот, и во тој контекст, би сакал да се заблагодарам за силната и континуирана поддршка која ја добива и нашата земја. Северна Македонија е на важен важен историски крстопат. Да ја земе судбината во свои раце и одлучно да зачекори кон полноправно членство при што 2030 година е амбициозна, но остварлива цел, или да влезе во повторно внатрешно преиспитување и застој. Реалната перспектива за уживање во четирите слободи – за стоки, капитал, услуги и работна сила – уште во текот на преговорите треба да ги мобилизира сите делови на општеството и да доведе до нова економска динамика”, истакна Османи.

Воедно упати благодарност за улогата на Германија за заживување на Берлинскиот процес како основна и сеопфатна регионална соработка на највисоко ниво и како иницијатор на акционите планови за Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан и Зелената агенда.

„Северна Македонија ја препознава важноста на процесот на преговори со Европската Унија и за таа цел ќе го вложи својот политички и административен капацитет во насока на спроведувањето на европската агенда. Воедно, како доверлив партнер на ЕУ и дел од меѓународната заедница на вредности и принципи, во меѓувреме, очекуваме повеќе практични придобивки и опипливи резултати кои произлегуваат од процесот на пристапување”, подвлече Османи.

Османи изрази задоволство од високата трговска размена со Сојузна Република Германија, која минатата година достигна пет милијарди евра и со галопирачки чекор продолжува и оваа година, што претставува јасен показател за посветеноста на две пријателски држави кои изминатите три децении, активно работат на зајакнување на меѓусебните односи и развивање на широка секторска соработка.

Tags: БербокМНРОсмани
Next Post

Моравјецки: Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk