ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

March 23, 2023 12:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест” и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда.

Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.

По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.

Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор.

Потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје. За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда.

Со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.

Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија.

Преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки. Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, се вели во соопштението на претседателот на земјава.

Tags: закон за амнестијаПендаровскиУказ
Next Post

Девет загинати во напад со беспилотни летала врз регионот на Кијив

Shortcut

Најново

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk