ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МФ: Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор

March 24, 2023 14:11
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржлива и долгорочна методологија заснована на објективно дефинирани критериуми е решението кое го бараме за платите на вработените во целиот јавен сектор. Веќе се работи на Законот за плати во јавниот сектор, кој е објавен на ЕНЕР и е на јавна расправа. Решението на ова прашање со платите ќе го бараме заедно со партнерите во Економско социјалниот совет, синдикатите и работодавачите, соопштија денеска од Министерството за финансии.

Во моментов, додаваат од Министерството, се работи да се најде одржливо системско решение што ќе се однесува на целиот јавен сектор, по примерот со минималната плата и пензиите.

-Во Законот за службеници во државната администрација се воведе методолодија со која минималната плата е внесена како основна компонента во платата на државната администрација и врз основа на тоа платите на сите вработените во државната администрација се зголемуваат согласно утврдените критериуми за раст на минималната плата. Тоа се однесува на вработените опфатени со овој закон, додека кај другите растот на платите е регулиран со колективни договори. Станува збор за системско решение за платите на вработените во јавниот сектор, врз основа на утврдени критериуми, кои одговараат објективно на состојбите. Такво решение беше постигнато за растот на минималната плата и пензиите. Така согласно ова решение, во иднина секоја година во март врз основа на дефинираните критериуми, раст на трошоците на живот и раст на просечната плата, ќе се утврдува растот на минималната плата. Тоа е воспоставен систем, инкорпориран во Закон и кој ќе се имплементира во пракса, се вели во соопштението од МФ.

Така со воведеното системско решение од овој месец, според Министерството, минималната плата има раст за 2.175 денари или 12,55 отсто во однос на март минатата година. Раст, велат, има и просечната плата на вработените во државата, која достигна 34 илјади денари и има раст над 13 проценти.

-Податоците објавени од Државниот завод за статистика регистрираат раст на просечната нето плата во скоро сите дејности. Во преработувачката индустрија има раст на платите од околу 16 отсто, градежништвото 20 отсто, трговија 12 отсто, транспорт 23 отсто, информации и комуникации 17 отсто, финансиски дејности и осигурување 9 отсто, административни и помошни услужни дејности 13 отсто, јавна управа и одбрана 6 отсто, образование 15 проценти, здравство и социјална заштита 5 отсто, уметност, забава и рекреација 13 отсто при тоа во креативните, уметничките и забавни дејности просечната плата бележи раст од 17,8 отсто и изнесува близу 38 илјади денари, додека во областа библиотеки, архиви, музеи, и останати културни дејности просечната плата има раст од 15,5 проценти и изнесува околу 35 илјади денари, велат од Министерството за финансии.

Оваа Влада, нагласуваат оттаму, презема мерки за раст на платите и заштита на стандардот на граѓаните. Минатата година се зголемија платите во основно и средно образование за 15 отсто, во градинките за 15 отсто, високо образование за 7 отсто (дополително во 2021 година имаше раст од 8 отсто), во култура во 2022 година има раст на платите од 18 проценти, судство 15 отсто, полиција 5 отсто и други.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: јавнен секторплатифинансии
Next Post
Зоран Бојаровски

Пораките од Охрид и на Бербок и Агелер ги слушнавме, сега од нас зависи, времето истекува

НАЈНОВО

Фото: Фон дер Лајен / X

Брисел чека уставни измени, Мицкоски бара гаранции; Експертите – без промена на Уставот нема напредок во ЕУ

October 17, 2025

Четири години празни ветувања, Горно и Долно Лисиче заборавени од Муцунски и Митески

October 17, 2025
Временско Ехо, Артур Милер, Пикасо, Маркони

Временско ехо – 17 октомври

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk