ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски во посета на Хрватска, Северна Македонија за прв пат земја партнер на „Пролетниот Бјеловарски саем 2023“

March 24, 2023 20:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Љупчо Николовски на дводневна посета во Хрватска, 24.03.2023/Фото:МИА

Љупчо Николовски на дводневна посета во Хрватска, 24.03.2023/Фото:МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски престојува во дводневна посета на Хрватска.

Во рамки на посетата одржана е средба со хрватската министерка за земјоделство Марија Вучковиќ и директорот на хрватската Платежна агенција Антун Вујиќ. На средбата е разговарано за зголемување на трговската размена меѓу двете земји и за ефикасно искористување на европските фондови за нови инвестиции во земјоделството и руралниот развој.

Хрватската министерка Вучковиќ ги пренела нивните искуства за трансформацијата на ЈП „Хрватске шуме“ во државна компанија „Хрватске шуме ДОО“ и понудила соработка преку заеднички тимови кои ќе работат на исполнување на барањата за пристапните преговори на Северна Македонија кон европското семејство.  Договорено е во наредниот период да се интензивира соработката со хрватски експерти со оглед дека Хрватска е земја членка на Европската Унија.

Николовски во посета на Хрватска, 24.03.2023/Фото: МИА

 Искуството на хрватските колеги во агросекторот ќе биде од голема помош за пренесување на нивните искуства во областите на земјоделството и руралниот развој, безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, рибарство и аквакултура. посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерката Вучковиќ и министерот Николовски го отвориле и 24-то издание на Бјеловарскиот „Пролетен меѓународен саем за земјоделство, сточарство, стопанство и занаетчиство“ којшто ќе трае до недела.

Саемот има долгогодишна традиција, а Северна Македонија за прв пат е земја партнер. На саемот присуствуваат над 400 изложувачи од 11 држави меѓу кои има и шест македонски компании кои се претставуваат на посебен изложбен простор.

Саемските манифестации се многу значајни за економијата и токму затоа македонското Министерство за земјоделство, од својот буџет издвојува средства за поддршка на 50 локални манифестации како и за најзначајните меѓународни саеми. Со наша поддршка, македонските компании имаат можност да ја претстават Северна Македонија во странство. Тоа придонесува да се отворат нови пазари, се градат нови бизнис релации, нова меѓународна соработка но и едукација, размена на искуства и знаења, откривање на нови можности и нови технологии, велат од ресорното Министерство.

Министерот Николовски на отварањето на саемот ги повика посетителите да го посетат македонскиот штанд и да се запознаат со македонските брендови.

Ја користам оваа можност да ве поканам сите, да го посетите македонскиот изложбен простор и да се запознаете со македонските брендови, а преку нив да ја почувствувате енергијата  и сонцето на мојата земја. Ве поканувам да вкусите македонски вина, сувомеснати производи, сушен македонски зеленчук, македонски ајвар и прочуениот македонски црвен пипер „Буковка“. Искрено се надевам дека тоа ќе биде дополнителен мотив да ја посетите Северна Македонија и да уживате во сите убавини со кои не дарувал Бог, рекол Николовски на отворањето на саемот. 

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Пролетниот Бјеловарски саем 2023“Љупчо НиколовскиПлатежна агенцијахрватска
Next Post
Фото: Wikimedia Commons

Шолц го повика кинескиот претседател да се сретне и со Зеленски

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголемиот дел од светот ќе види 82-минутна „Крвава Месечина“ овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk