ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Соловеј: Путин е под дејство на силна дрога

March 24, 2023 17:02
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Wikimedia Commons

Фото: Wikimedia Commons

Во конфузниот говор што рускиот диктатор Владимир Путин го одржа на неодамнешното обраќање пред деловните лидери во Москва покажува дека тој е под дејство на силна дрога, тврди Валериј Соловеј, руски политиколог, историчар и поранешен шеф на Одделот за односи со јавноста на Московскиот државен институт за меѓународни односи, пренесува The New Voice Of Ukraine.

„Ако гледавте барем дел од говорот пред претприемачите (говорот на Путин на Конгресот на Руската унија на индустријалци и претприемачи – уред.), можете да видите личност „high on speed“ како што велат младите, што значи дека некој користи моќни стимулативни лекови“, рече Соловеј во програмата „Утрински пресврт“ на каналот на YouTube Zhyvyi Hvozd (Жив нокт).

Путин одржа говор на Конгресот на Руската унија на индустријалци и претприемачи (РСПП) во Москва на 16 март.

Работите што диктаторот ги кажа за време на говорот „биле испровоцирани од дрогата и соодветната променета состојба на умот“, рече политикологот.

Врвните руски бизнисмени го игнорираа конгресот.Косопственикот на ЛУКОИЛ, Вагит Алекперов, неговиот партнер Леонид Федун, поранешниот извршен директор на Сибур, Дмитриј Конов, и сопственикот на групата Крокус, Араз Агаларов, поднесоа оставки од Комората на индустријалци и претприемачи на почетокот на март. Рускиот олигарх Алишер Усманов исто така побара да ја напушти РСПП.

Никој од нив не се појавил на средбата со Путин.

Не присуствуваа ниту сопственикот на металуршкиот комбинат „Новолипецк“, Владимир Лисин, и сопственикот на „Система“, еден од најголемите приватни инвеститори во Русија, Владимир Евтушенков.

Како резултат на тоа, само шест лица од првите 20 на руската листа на Форбс учествуваа на конгресот и се сретнаа со Путин.

Московскиот професор по историја Валери Соловеј , по издавањето на налогот за апсење на Путин од страна на Меѓународниот кривичен суд, гледа дека се зголемуваат шансите за бунт во палатата против Путин.

„Налогот за апсење издаден во Хаг е важен сигнал за руската елита. Наместо да биде гарант на богатството и моќта, Путин сè повеќе станува токсичен товар што треба да се отфрли што е можно поскоро – во спротивно може да се појават повеќе имиња во досиејата на меѓународните судови. Мнозинството од руската елита реагира на ова со ништо повеќе од импотентно негодување и јавно изразување на солидарност со лидерот. Но, меѓу нив има и групи кои се способни за решителна акција. И веројатноста за таква акција сега расте“, смета Соловеј.

Подготви: Д. Мишев

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: Владимир Путиндрогаполитикологруска агресија врз Украина
Next Post

Пожар предизвикан од плински уред во скопски Карпош

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk