ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Првпат во светот: Лекари со „автотрансплантација“ му го вратиле видот на слеп човек

March 26, 2023 18:12
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Фото: Pixabay

Фото: Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Во болницата „Молинете“ во Торино, за првпат во светот, благодарение на специфичната трансплантација на дел од едното око на местото на другото, 83-годишен маж кој, поради разни болести, останал целосно слеп во двете очи – прогледа.

Тој го изгубил видот на едното око пред 30 години, а на другото пред 10 години поради ретка болест која целосно му ја уништила рожницата и површината на окото.

На левото око не било можно да се врати видот, но останало површински добро сочувано. Трансплантацијата на неговиот дел на десното око му овозможила повторно да гледа. Операцијата траела четири часа, а тимот хирурзи бил предводен од професорот Микеле Реибалди, директор на очната клиника „Молинете“ и Винченцо Сарникола, претседател на италијанското здружение за рожници и матични клетки.

„Новината е во тоа што ја проширивме трансплантацијата на рожницата на целото око, на конјунктивното склерално ткиво кое игра основна улога во тоа колку ќе биде успешна трансплантацијата во одредени услови. Окото кое ослепело, но сепак има функционални аспекти, не треба да се жртвува бидејќи може да ни послужи како „резервни делови“. Во последните 20 години, границите на трансплантацијата се поместија и направивме огромни чекори, а Италија има водечка улога во светот“, објасни професорот Сарникола.

Две недели по операцијата, пациентот е во состојба да препознава луѓе и предмети и самостојно да се движи. Левото око е реконструирано за естетски цели благодарение на ткиво на донор.

„Кога се разбудив и повторно почнав да го гледам обликот на моите прсти, чувството беше како повторно да сум се родил“, биле првите зборови на пациентот кој живее во Торино.

Во последните неколку години му биле извршени две традиционални трансплантации на десното око, кои, за жал, не вродиле со плод, па била донесена одлука за првпат во светот да се изврши операција „автотрансплантација“ од левото на десното око.

Една третина од левото око е „автотрансплантирана“ на десното око, кое на овој начин е реконструирано и на пациентот му се врати видот. Лекарите се надеваат дека, со оглед на тоа што трансплантацијата е направена со помош на користење на „материјал“ на самиот пациент, нема да дојде до отфрлање.

Извор: Слободен Печат

 

Tags: автотрансплантацијавидслеп човекТорино
Next Post
Средба Рама-Курти/Фото:МИА/Архива

Средба Рама-Курти во Тирана

EVN

НАЈНОВО

СИРИЗА бара Грција да се повлече од Евровизија поради учеството на Израел

December 11, 2025
Скриншот

Судење „Пулс“: Одбраната со серија критики до Обвинителството, тврдејќи дека немале надлежност за објектот

December 11, 2025
фото: скриншот Х

Осомничениот за убиството на Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, денеска првпат пред суд, му се заканува смртна казна

December 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Расел Кроу ги критикува авторите на „Гладијатор 2“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кардиолозите предупредуваат кои „грицки“ се најопасни за срцето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејт Винслет открива бизарно 18+ барање на Еминем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рубио воведува „типографски пресврт“: Times New Roman се враќа во Стејт департментот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шарлиз Терон „го запали“ Интернетот со младешкиот изглед – Што велат експертите, а што вели таа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk