Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Разговараа за актуелните случувања во државата, реформите во правосудниот систем и иницијативата за подготовка на нов Изборен законик.
Лога го информираше Вал дека е испратен допис до ВМРО ДПМНЕ да предложи свој член во работната група и претседател, но одговор се уште нема.
Амбасадорот Вал беше запознат со активностите кои ги презеде Министерството за правда, законодавната агенда како и идните планови кои ќе треба да се реализираат со цел да се овозможи владеење на правото.
Претставниците на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беа запознаени и со процесот на институционално решавање на проблемот со лицата кои се неевидентирани во матичната книга на родени и очекувањата ова прашање да се регулира до крајот на 2024 година.