ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Македонското општество е дел од НАТО, треба што побрзо да биде дел и од ЕУ

March 27, 2023 19:04
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Бојан Маричиќ Фото: Фронтлајн

Со зачленувањето во НАТО пред три години исполнивме еден од најважните надворешно-политички приоритети на Северна Македонија и трајно го обезбедивме нејзиното место во евроатлантското семејство на држави, а сега е потребно да се фокусираме на обврските кои се пред нас на европскиот пат и членството во ЕУ, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на традиционалниот НАТО појадок со амбасадорите на членките на Алијансата, организирам во чест на годишнината од членството на земјава во Северноатлантскиот пакт.

Членство во НАТО е потврда и признание на нашите долгорочни државни напори и сеопфатните реформи. Ова е наш заеднички успех на кој сме горди и кој сега треба да ни биде поттик за следниот предизвик, а тоа е продолжување на процесот на преговори со ЕУ. Денес сме држава членка на НАТО и стоиме уште поодговорно пред иднината и европската перспектива на државата, рече Маричиќ.

Тој порача дека денес славиме три години безбедност, стабилност, сигурност и размислуваме за следните сериозни задачи и обврски кои се пред нас.

Руската воена агресија врз Украина покажа дека колку и да звучеше пред пет години промената на Уставот апсурдна, денес гледаме колку е важно за нас членството во НАТО, потенцира Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека целото македонско општество денес е дел од НАТО, не е само Владата или која било партија и дека членството е успех на целата држава, на секој граѓанин и на сите оние кои сакаат европска, демократска и просперитетна Северна Македонија.

Убеден сум дека со одговорниот однос кој го имаме кон реформите во пристапните преговори со ЕУ и успешните уставни измени ќе успееме во достигнување на целта, Северна Македонија до 2030 да биде успешна европска приказна, изјави Маричиќ.

Појадок со амбасадорите на земјите членки на НАТО се одржа во Клубот на пратеници во организација од Министерството за надворешни работи и на него се обратија и премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи и украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир.

Tags: амбасадориМаричиќНАТОодбележувањепојадокчленство
Next Post
Foto: Twitter

Масакр во приватно христијанско училиште во САД, убиени пет лица, меѓу кои три деца

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk