ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Се воведува систем за кариерно следење на матурантите од средните стручни училишта по дипломирањето

March 27, 2023 15:41
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука, во насока на подигнување на степенот на вработливост кај младите, започнува процес на воспоставување на систем за следење на кариерите на матурантите по дипломирањето во средните стручни училишта, како активност дефинирана во Стратегијата за образование 2018-2025 година.

Ова, како што соопшти МОН, го истакна министерот Јетон Шаќири на денешната средба со претставници на средните стручни училишта во државата, на која беше презентиран системот за кариерно следење на матурантите, што ќе се воведе со поддршка од фондовите на ЕУ, кои како што рече, го поддржуваат реформирањето на нашиот национален образовен систем.

– Системот е веќе креиран и поставен на посебен портал anketi.mon.gov.mk. Ќе функционира со прибирање на податоци директно од учениците откако ќе дипломираат, како и од работодавачите. Секој ученик од завршната година на образованието ќе може да пристапи едноставно со најава, да наведе воведни податоци за себе и своето средно стручно образование, и потоа треба да пополни три прашалници. Еден на почеток по регистрирањето и два во рок од 6 месеци. Компаниите пак, исто така можат да се регистрираат и да пополнат прашалник во врска со нивните потреби и очекувања за вештини кои треба учениците да ги поседуваат, информираше Шаќири.

Тој додаде дека оваа постапка на дипломираните ученици и на компаниите ќе им одземе малку време, а прибраните податоци ќе бидат од големо значење за министерството, затоа што ќе претставуваат база за креирање на идни политики, но и од значење за училиштата, за тоа како и каде напредуваат нивните ученици што исто така може да иницира промени во интерните политики.

– Она што во моментов најмногу ни е потребно, е поддршката од вас, од средните стручни училишта во делот на промоцијата на оваа алатка, да ги запознаете матурантите што поскоро со системот за следење на нивните кариери, пренесувајќи им ја клучната порака дека заложбата е за обезбедување на подобра иднина за нив, токму тука во сопствената земја“, рече министерот, додавајќи дека очекува училиштата да постапат согласно насоките кои ќе ги добијат и дека кај учениците ќе се развие интерес за учество во целиот процес.

Tags: МатурантиМОНсистем за следење на кариериШаќири
Next Post

Русите го гранатираа Берислав во регионот Херсон, оштетена е цивилната инфраструктура

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk