Во овој прилог, руските пропагандисти ги коментираат изјавите на Путин за стационирање на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија и различни начини на напад на Западот. Гостинка во емисијата е Викторија Федосова, заменик директорка на рускиот Институт за стратешки истражувања и прогнози.
Во разговорот беа изнесени добро познатите закани за „уништувачки напад против Европа и глобалните центри“.
Варшава или Краков, на пример, може да биде уништен по само една до една и пол минута лет на руските проектили, велат овие пропагандисти на Кремљ.
Федосова препорачува дека Русија мора да ја напушти својата доктрина на немешање во внатрешните работи на државите и да ги уништи комуникациските канали под Атлантикот што ги поврзуваат САД и Европа. Таа заговара и информативна војна против Западот.
Учесниците во овој прилог се подбиваа со „паниката што ја предизвика кинескиот балон над САД“.
На крајот од извадокот што го подготви Дејвис, водителот заклучува дека не се работи за морал или мир:
„Ни треба светот – по можност, целиот!“
Прилогот го подготви Џулија Дејвис, колумнистка на Daily Beast и извонреден познавач на руските медиуми. Таа на својот Твитер профил Julia Davis News ревносно споделува кратки видео исечоци од програмата на главните ТВ канали во Русија во кои се води жестока пропаганда за подигање на моралот на руското население.
Џ. Д.