ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарите во недела ќе гласаат по петти пат во две години без големи надежи дека ќе успеат да добијат стабилна влада

March 30, 2023 09:32
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарите излегуваат на гласање во недела на 2 април по петти пат во последните две години во обид да изберат стабилна влада без која нема да можат да земат 4, 5 милијарди евра ветени од ЕУ под услов да ја реализираат ветената реформа во правосудството

Како стојат работите според последните истражувања на јавното мислење нема светлина на крајот од темниот тунел на политичката криза во најсиромашната земја во ЕУ, која исто така е најранливата точка на НАТО во однос на руското влијание.

Ризикот е дека Румен Радев кого европските медиуми отворено го нарекуваат проуски, ќе продолжи да владее во Софија.

Без стабилно парламентарно мнозинство, Бугарија нема да може да ја прифати реформата во правосудството ветена на Брисел, која ќе ги блокира исплатите за 4,5 милијарди евра предвидени со Планот за закрепнување. Проблем за Брисел во однос на исплатата на парите наменети за Бугарија се нејзините апсорбциони капацитети како и серијата скандали кои се случија за времена владеењето на Борисов и ГЕРБ во однос на злоупотреба на европските фондови.

Најголеми шанси за победа на изборите има коалицијата „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“, која според различни истражувања има меѓу 23-27% од гласовите. Со само 1% зад нив е повторно ГЕРБ и покрај низата скандали откриени за време на нивното десетгодишно владеење.
Двете политички формации лесно би можеле да формираат стабилна влада, но Борисов е фигура која предизвикува поделби.Коалицијата на Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија ја отфрла можноста за потпишување на коалициски договор со ГЕРБ, додека Борисов е лидер на партијата. Предлогот е малцинска влада со поддршка на ГЕРБ, но без политички договор.

Од ГЕРБ отфрлија оваа понуда, велејќи дека не може да се поддржи влада без политички договор. Во овој контекст, се случува и интервенција на Вашингтон. Недомна САД воведоа санкции за корупција според Законот Магнитски за долгогодишниот министер за финансии на Борисов – Владислав Горанов. Тој беше обвинет дека наштетил на јавните интереси .
Некои политички аналитичари тврдат дека следните американски санкции би можеле да бидат вперени директно кон Борисов поради неговите хипотеки кои се сега најголема пречка за формирање на стабилна евроатлантска влада на една, во моментов најчуствителна геополтичка точка во Европа.

Трета политичка сила во Бугарија е ДПС за која би гласале 14% од гласачите воглавно припадници на етничките Турци во Бугарија.
На четвртото место е проруската популистичка партија Вазраждане со поддршка од 12% на гласачкото тело.
Со поддршка од 8% на гласачоте според анкетите проруската Бугарска социјалистичка партија од која доаѓа и претседателот Радев.

Најголем губитник под границата од 4 отсто за влез во бугарскиот парламент е поранешната најподдржана партија „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов, која пред само година и пол имаше шанса да формира влада.

Единствен спас за проервропската ориентација на Бугарија е коалиција на Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија со ГЕРБ која не ја задржа евроатлантската политика но само доколку од неа бидат отстранети Борисов и неговото најблиско окружување кои се сериозна пречка за во борбата против корупцијата што е пак клучниот услов за Бугарија непречено да ги добива големите порции пари од ЕУ. Борисов на митинг во Пловдив вети дека нема да биде премиер но тој не се откажува под лидерската позиција во партијата поради што ГЕРБ останува да биде токсичен политички партнер.

Борјан Јовановски / НоваТВ

Tags: бугаријаизбори
Next Post

Клименко: Украина очекува помош од Западот во борбата против корупцијата

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk