Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд вчера во интервју за Франс прес изјави дека Русија „не треба да биде“ постојана членка на Советот за безбедност на светската организација.
– Русија е постојана членка на Советот за безбедност. Тоа не би требало да е така поради она што го прави во Украина, но Повелбата (на ОН) не и дозволува да го промени својот статус на постојана членка, изјави Линда Томас-Гринфилд од Костарика, каде што учествуваше на форум за демократија.
Русија утре на еден месец од Мозамбик треба да го преземе раководството со извршниот орган на Обединетите нации.
Американската амбасадорка истакна дека очекува Русија да се однесува „професионално“ како претседавач, но и изрази сомнеж.