ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Костадиновска-Стојчевска: Општина Охрид го поништила решението за градба на хотелот во Лагадин по службена должност, без аргументи

March 31, 2023 20:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Поништувањето на одобрението за градба за хотелот во Лагадин беше по службена должност, без да се искористи никаков аргумент од она што градежната инспекција го утврдила како неправилно во 2017 година“ рече министерката за труд и социјална политика Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител.

Таа додаде дека уште при првото поништување на одобрението за градба можело и требало да се наведе аругменти зошто се поништува.

„Причината која тие ја ставиле е млака и му дава на инвеститорот правен лек, да може да се побуни, дека не известил навреме за почеток на градбата“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката истакна дека претставниците на УНЕСКО биле известени за ситуацијата со хотелот, дека одлуките на општината, второстепената комисија во Министерството за транспорт и врски и управниот суд ја довеле статус-кво ситуацијата.

„Јас побарав со барање на информации од јавен карактер да ги добијам сите документи за хотелот и очекувам дека ќе ми бидат испратено. Треба да имаме увид за да видиме зошто Општина Охрид воопшто не постапила по ниту една од 12 препораки од градежниот инспекторат“ рече Костадиновска-Стојчевска.

„Можеме да помогнеме во Струга, ако немаат капацитети или средства. Ќе најдеме стручен тим за да се мапираат дивоградбите. Доколку не одговорат на последното задолжување од Владата, имаме начин како да пратиме таму некој да ги мапира бесправно изградените објекти за да знаеме што може да направиме понатаму“ рече министерката за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека не мора општината да побара помош и кажа дека одземањето на надлежностите на општината не е едноставно, но е една од опоциите доколку не се постапува по барањата на Владата.

„Ако некој не постапува, ние ќе направиме наш стручен тим, ќе побараме и странска помош доколку е потребно и ќе направиме се што можеме за да го зачуваме статусот што го имаме во УНЕСКО“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека нема да е крај на светот дококлу сме ставени на листата на наследство во опасност, но тоа ќе значи поголеми контроли и реферирање до УНЕСКО секоја година.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаОпштина ОхридУНЕСКОхотел Лагадин
Next Post
Фото: МИА

Промената на Законот за извршување на санкции - потенцијално решение за малолетничките кои мерката „упатување во ВПД“ ја издржуваат во Идризово

EVN

НАЈНОВО

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk