Шведското претседателство со ЕУ ја разбира итноста за обединување на Европа и останува посветено на европската иднина на регионот, наведе вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во својата објава на Фејсбук.
Имаме политичка поддршка и отворена врата за ЕУ, во рацете на македонските политичари е процесот на преговори со ЕУ, вели Маричиќ по повод средбата со шведската министерка за европски прашања Јесика Росвал.
Шведска останува наш искрен партнер на патот кон ЕУ и поддршка во исполнувањето на реформската агенда.
Со шведската министерката за европски прашања, Јесика Росвал, имавме корисен разговор за активностите во рамки на приоритетите на претседавањето со ЕУ, уставните измени, реформите и текот на скрининг процесот, нагласува Маричиќ.
Се заблагодарив за политичката и финансиската поддршка и помош која ја добиваме од Шведска веќе три децении и ја искористив приликата да ја поканам министерката Росвал во Скопје, стои во објавата на вицепремиерот.
Подготви: Марта Пешевска