На плоштад „Македонија“ скопјанец бил приведен бидејќи агресивно се однесувал кон полицијата.
Според МВР, на 29.03.2023 нешто пред 22 часот часот на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје од полициски службеници од Полициската станица Центар бил приведен маж од Скопје поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Кај него бил извршен преглед, при што бил пронајден и одземен нож.