ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Ќе предложиме со замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето, од денеска поевтинуваат дел од хигиенските производи

April 1, 2023 16:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за економијата направи анализи и ќе достави предлог одлука до Владата на следната седница да одреди замрзнување на цените на зеленчукот и овошјето, најави министерот Крешник Бектеши. Тој рече дека ќе бидат опфатени над десет производи.

Вчера во текот на денот се завршени сите анализи во Министерството за економија согласно податоците добиени од страна на Царинската управа, а воедно и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во однос на замрзнување на цените за овошјето и зеленчукот. Предлог на Министерството за економија ќе биде замрзнување или определување највисоки цени во делот на овошјето и зеленчукот и тоа секако дека е направено во согласност и со МЗШВ. Ќе бидат опфатени над десет производи на овошје и на зеленчук имајќи ги предвид податоците за месец март, каде што за жал е утврдено дека одредени трговци на овие видови производи имале големи маржи што надминувале 100 – 200 проценти за одредени производи, изјави Крешник Бектеши од Тетово.

Тој рече дека трговијата за овошје и зеленчук се врши на друг начин од другите производи заради тоа што рокот е многу пократок и секогаш маржата е поголема, но не може да биде 150-200 проценти, јави МИА.

Во однос на другите производи, ние веќе сме ги објавиле сите анализи, најверојатно во Владата ќе одржиме и прес-конференција каде што преку презентација, преку табели ќе ја информираме јавноста во делот на просечната цена што била посебно во месец март, а граѓаните бидејќи знаат кои се цените сами може да направат споредби и тоа што ќе го кажеме ние за овошјето зеленчукот е потврдено, рече Бектеши.

Тој оцени дека кон крајот на април или почетокот на мај ќе се зголеми домашното производство и тоа, како што дополни, ќе влијае позитивно на намалување на цените. Порача дека Министерството за економија во соработка и со другите институции на дневна база ги следи сите случувања во делот на цените.

Од денеска дел од хигиенските производи, согласно владината одлука, треба да се продаваат поевтини за 13 отсто.

Tags: Бектешизамрзнување на ценизеленчуковошје
Next Post

Македонска медиумска чорба од немиен кромид

EVN

НАЈНОВО

Актерката Руби Роуз ја обвини Кети Пери за сексуална експлоатација

April 16, 2026

Протест на СКРМ: Трпението е потрошено, достоинството е понижено

April 16, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис – 16 април 2026

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk